Конкурси

назад до:"Конкурси"

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во земјата за академската 2023/2024 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/3, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 257/2020 и 163/2021),  член  3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри  (“Службен весник на Република Македонија” бр. 18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15) и член 1 од Правилникот за изменување  на правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21) Министерството за образование и наука распишува

К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ЗЕМЈАТА ЗА АКАДЕМСКАТА 2023/2024 ГОДИНА

            Министерството за образование и наука за академската 2023/2024 година ќе додели 50 стипендии за академски студии од втор циклус во земјата.

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

            Кандидатот кој ќе конкурира треба да ги исполнува следните услови:

1.     Да има завршено академски студии од прв циклус во траење од четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50 или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;

2.     Да е запишан на академски студии од втор циклус, прв пат во прва година во академската 2023/2024 година, 40 стипендии од научното подрачје на природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика); или на техничко-технолошките науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство) и 10 стипендии од научното подрачје од општествени  науки.

3.     Студиската програма на која е запишан кандидатот да е акредитирана и да има решение за работа;

4.     На денот на конкурирањето да не е постар од 27 години;

5.     Да не е во работен однос  (на определено или неопределено работно време);

6.     Да не е корисник на стипендија од други даватели;

7.     Да знае еден од светските јазици;

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

            Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

            Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус во земјата може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА:

            Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари, за девет месеци во текот на академската година на која се запишале студентите.

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

            1.    Избраниот кандидат со договор се обврзува дека ќе ги врати доделените средства доколку најдоцна до пет години од потпишувањето на договорот не магистрира.

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ 

*Доколку се пријават поголем број кандидати од предвидените 50 стипендии, Министерството за образование и наука ќе го примени критериумот за прифаќање на кандидатите со повисок просек односно рангирањето ќе се врши по основ на висината на просечниот успех постигнат во првиот циклус на студии. Во случај на пријавени кандидати со ист просек, Министерството за образование и наука предност ќе им даде на оние апликации кои се порано пристигнати.

Конкурсот ќе трае се додека не се исполни вкупниот број на предвидени стипендии. 

            Документите да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во земјата)

            Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука, лице за контакт: Аријета Рамадани, канцеларија бр.1408 или на телефон 02/3140-183.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Сектор за наука и иновации

бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54

1000 Скопје

назад до:"Конкурси"

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.