Втор циклус (мастер студии)

Математичко образование (2023/2024)

Во учебната 2005/2006 година на постдипломските студии (стари студии, VII/2) на Институтот за математика се воведе насоката математичко образование, при што наставата се изведуваше во текот на 4 семестри. Оваа насока опстојуваше од академската 2005/2006 година до 2009/2010 година и за неа имаше голем интерес. Студиската програма по математичко образование за основно и средно училиште, што беше акредитирана за учебната 2014/2015 година, е наследник на оваа насока, но со ревидиран наставен план и изменети предметни програми. Насоката е реакредитирана без измени од учебната 2019/2020 год. и со мали измени во учебната 2023/2024 год. 
  
Назив на студиската програма
  • Математичко образование
  • Master Studies in Mathematics Education / Англиски назив
 
Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште нуди основа за висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа, што овозможува решавање на сложени задачи во областа на математичкото образование. Магистрираните студенти можат да работат во основното и средното образование, во институции за развој на образованието и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна знаења од областа на математичкото образование.
​Студентите на вториот циклус преку оваа студиска програма ќе се стекнат со знаења и вештини коишто ќе придонесат кон нивно усовршување како наставници во основно или средно образование, но ќе им овозможат и успешно да се вклучат во разни владини и невладини организации поврзани со образовниот систем во Р. Македонија.

​Услови за запишување на студиите
На студиската програма Математичко образование имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по математика, сите насоки;
  • завршиле двопредметни студии по математика – физика ;
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика;
  • завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет;
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје.

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по математичко образование
  • Master of Mathematics Education / Англиски транскрипт на називот

​Наставен план
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште на вториот циклус студии се состои од 5 задолжителни предмети и 2 изборни предмети. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Предмети носат 8, 7 или 6 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.​

 

Реден број

 

Код на предметот

 

Назив на наставниот предмет

 

Семестар

Неделен фонд на часови

 

ЕКТС

П

В

ПРВА ГОДИНА

1.

МОЗ01

Наставни програми по математика

Прв

2

2

8

2.

МОЗ02

Компјутерите во наставата по математика

Прв

2

2

8

3.

МОЗ03

Споредбено образование и современи образовни системи за математика

Прв

2

2

7

4.

МОЗ04

Методика на наставата по математика

Прв

2

2

7

5.

МОЗ05

Методологија на истражување во образовниот процес

Втор

2

2

6

6.

 

Изборен предмет*

Втор

2

2

6

7.

 

Изборен предмет

Втор

2

2

6

8.

 

Магистерска работа

Втор

/

/

12

Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година

14

14

60

 

Вид на изборен наставен предмет

Број

Наставни предмети од Листата на изборни предмети предложена од единицата

2

Наставни предмети од Универзитетската листа на изборни предмети

Нема (0)

 

Реден број

 

Код

 

Назив на предметот

 

Семестар

Неделен фонд на часови

 

ЕКТС

 

Единица

П

В

1.

МОИ06

*Методички практикум по алгебра

Втор

2

2

6

ПМФ

2.

МОИ07

*Методички практикум по геометрија

Втор

2

2

6

ПМФ

3.

МОИ08

Тестирање и оценување

Втор

2

2

6

ПМФ

 

4.

 

МОИ09

*Методика на наставата по математика во основно и средно образование

Втор

2

2

6

ПМФ

 

5.

  МОИ10

Современи техники и методи на работа во наставата по математика

Втор

2

2

6

ПМФ

6.

МОИ11

Организирање и управување на образовниот процес

Втор

2

2

6

ПМФ

7.

МОИ12

Откривање и работа со надарени ученици

Втор

2

2

6

ПМФ

8.

МОИ13

Математичко моделирање во наставата по математика

Втор

2

2

6

ПМФ

9.

МОИ14

Нестандардни математички проблеми

Втор

2

2

6

ПМФ

10.

МОИ15

Историја на математичкото образование

Втор

2

2

6

ПМФ

11.

МОИ16

Математичка креативност

Втор

2

2

6

ПМФ

12.

МОИ17

Реални броеви и функции

Втор

2

2

6

ПМФ

 

 

 

 

 

​​
Координатор на студиската програма: 

© 2025. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.