Просторни услови и опрема

 

Институтот за математика, наставната и научната дејност ја изведува во просториите на зградата на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Тој располага со следниве простории:

1. Еден голем амфитеатар (математички амфитеатар) со 180 места
2. Три мали амфитеатри (М148, М244 и М301) секој со 70 места
3. Една голема училница (М135) со 50 места и една мала училница (М143) со 20 места
4. Една семинарска училница со 16 места (која служи за изведување на наставата за мали
групи студенти и за презентирање семинарски работи)
5. Две компјутерски лаборатории со вкупно 40 работни места
6. 15 Кабинети (во кои се сместени професорите и асистентите)
7. Библиотека со читална со 25 места
Сите училници се опремени со соодветен и современ инвентар за изведување настава.

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.