Втор циклус (мастер студии)

Математички науки и примени (2023/2024)

Математички науки и примени (2023/2024)

На вториот циклус студии, во периодот од почетокот на учебната 2010/2011 година до учебната 2013/2014 година, беше акредитирана само насоката Математички науки и примени. Насоката беше повторно реакредитација во учебната 2014/2015 година, во 2019/2020 година и во 2023/2024 година.
  • Назив на студиската програма
    Математички науки и примени
    Master Studies in Mathematical Sciences and Applications / Англиски назив
  • Студиската програма Математички науки и примени нуди теоретска основа за усвојување на напредни и сложени математички теории, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа. Магистрираните студенти можат да работат во високото, средното и основното образование, во научните институции и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна примена на математиката. Студентите на вториот циклус преку оваа студиската програма ги развиваат своите апстрактни и аналитично-синтетични ментални способности, развиваат самостојност и потегнуваат иницијатива во решавањето на математички проблеми, но создаваат и критички однос кон материјата што ја изучуваат. Студентот се оспособува за продолжување на своето образование на третиот циклус студии на студиската програма по математички науки и примена, но и на други студиски програми, посебно онаму каде што математиката има примена, што е значајно за формирање на научен подмладок на универзитетите, но и на други институции.

Услови за запишување на студиите
На студиската програма математички науки и примени имаат право назапишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по математика, сите насоки;
  • завршиле двопредметни студии по математика – физика;
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика;
  • завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет;
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје.

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по математички науки и примени
  • Master of Science in Mathematical Sciences and Applications / Англиски транскрипт на називот

Наставен план
Оваа студиската програма од вториот циклус студии се состои од 3 задолжителни предмети и 1 изборен предмет. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.​

Структура на студиската програма
МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ И ПРИМЕНИ
Ред. бр.
Код 
Назив на предметот
Семестар
Фонд на часови
ЕКТС
1.
МНПз01
Одбрани делови од алгебра
прв
3+3
10
2.
МНПз02
Одбрани делови од анализа
прв
3+3
10
3.
МНПз03
Одбрани делови од топологија
прв
3+3
10
4.
/
Изборен предмет*
втор
3+3
10
5.
МНПз04
Магистерска работа
втор
/
20
* Изборниот предмет може да се избира од листата изборни предмети на студиската програма или од универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус студии.
Изборни предмети
Ред. бр.
Код
Назив на предметот
Семестар
Фонд
ЕКТС
Единица
1.
МНПи01
Универзална алгебра и примени
втор
3+3
10
ПМФ
2.
МНПи02
Алгебраски n-арни структури
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
3.
МНПи03
Векторско вредносни структури
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
4.
МНПи04
Теорија на Галоа
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
5.
МНПи05
Неевклидски геометрии
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
6.
МНПи06
Лиеви алгебри и лиеви групи
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
7.
МНПи07
Одбрани делови од диференцијална геометрија
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
8.
МНПи08
Тензорско сметање
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
9.
МНПи09
Одбрани делови од алгебарска топологија
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
10.
МНПи10
Фази топологија
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
11.
МНПи11
Нилсенова теорија на фиксна точка
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
12.
МНПи12
Компјутерска топологија
​втор
​3+3
​10
​ПМФ
13.
МНПз13
Тополошка динамика
​​втор
​3+3
10
​​ПМФ
14.
МНПз14
Динамика и бифуркации
​​втор
​3+3
10
​ПМФ
15.
МНПз15
Права хомотопија и облик
​​втор
​3+3
10
​​ПМФ
16.
МНПз16
Динамички системи и теорија на облици
​втор
​​3+3
10
​ПМФ
17.
МНПз17
Теорија на облици
​втор
​​3+3
​10
​ПМФ
18.
МНПз18
Теорија на аналитички функции
​втор
​​3+3
​10
​ПМФ
19.
МНПз19
Гранични множества
​втор
​​3+3
​10
​ПМФ
20.
МНПз20
Теорија на Hp простори
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
21.
МНПз21
Теорија на дистрибуции
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
22.
МНПз22
Аналитичка теорија на броеви
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
23.
МНПз23
Анализа на мали бранови
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
24.
МНПз24
Банахови простори на аналитички функции
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
25.
МНПз25
Дистрибуции и аналитички функции
​​втор
​​​3+3
​10
​ПМФ
26.
МНПз26
Гранични вредности во простори на ултрадистрибуции
​втор
​3+3
10
​ПМФ
27.
МНПз27
Хармониски функции
​втор
​3+3
10
​ПМФ
28.
МНПз28
Диференцијални равенки во комплексна област
​втор
​3+3
10
​ПМФ
29.
МНПз29
Квалитативна анализа на диференцијални равенки
​втор
​3+3
10
​ПМФ
30.
МНПз30
Случајни процеси
​втор
​3+3
10
​ПМФ
31.
МНПз31
Ортогонални полиноми и специјални функции
​втор
​3+3
10
​ПМФ
32.
МНПз32
Теорија на веројатност
​втор
​3+3
10
​ПМФ
33.
МНПз33
Фракционално сметање
​втор
​3+3
10
​ПМФ
34.
МНПз34
Фурјеови редови
​втор
​3+3
10
​ПМФ
Координатор на студиската програма: 

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.