Студенти

Статус
Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница. Статусот студент се докажува со студентска легитимација.

Права и обврски на студентот

Студентот има право на:

  • Kвалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми 
  • Слободно искажување на мислења и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа
  • Право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците
  • Редовно студирање со статус редовен студент и право на вонредно студирање со статус вонреден студент
  • Редовно да напредува, да се образува и да ги заврши студиските програми утврдени при запишувањето
  • Запишување и образование под еднакви услови утврдени со Законот, Статутот и студиската програма
  • Учество во управувањето со Универзитетот во согласност со Законот и Статутот 
  • Заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот 
  • Заштита на личноста и на достоинствоито на студентот од каква било злоупотреба
  • Други права во согласност со Статутот, актите на Универзитетот и неговите единици.

Студентот има право да:

  • Напредува и да ги заврши студиите за пократко време од предвидено во студиската програма 
  • Студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви 
  • Ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа 
  • Ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Универзитетот и неговите единици 
  • Учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди 
  • Избира и може да биде избран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи;
  • Користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со Закон од вршителите на соодветните дејности 
  • Ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност
  • Преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот
  • Учествува во работата на студентските организации
  • Учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со Статутот, актите на Универзитетот и единиците;
  • Ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со Статут и Правилникот на единицата;
  • Користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година;
  • Добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето;
  • Остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
  • Остварува и други права согласно со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.

© 2025. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.