Втор циклус (мастер студии)

Применета математика-Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија (2023/2024)

Студиската програма на вториот циклус студии Применета математика-Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, што се предлага за реакредитација, за првпат е акредитирана за учебната 2014/2015 година. Оваа насока е природно продолжување на студиската програма математичка економија/актуарска и финансиска математика што петнаесетина години се изведуваат на првиот циклус студии по математика. Оваа студиска програма е реакредитирана во 2019/2020 година, и во 2023/2024 година. Наставата се изведува во два семестра. Кандидатите што ги завршуваат овие студии стекнуваат 60 ЕКТС кредити.
  
Назив на студиската програма

  • Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија
  • Master Studies in Applied Mathematics - Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy

​Услови за запишување на студиите

 На студиската програма Применета математика-математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија имаат право на запишување лица кои:

  • завршиле прв циклус студии по математика, сите насоки;
  • завршиле двопредметни студии по математика – физика;
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска или наставна математика;
  • завршиле прв циклус академски студии на некој технички факултет или некој друг сроден факултет;
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје.
Траење на студиите
 
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.
   
Стручен/научен назив

  • Магистер по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата
  • Master of Science in Applied Mathematics – Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции
 
Студиската програма по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата нуди основа за продлабочување на знаењата од областа на статистиката, актуарството и математичкото моделирање во економијата на сегашните и идните вработени во банкарскиот сектор, осигурителните друштва, пензиски и здравствени фондови, владини агенции, консултативни компании и други вакви организации. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во било кој сектор како статистички аналитичарифинансиски аналитичариконсултанти, истражувачи на пазарот. Студентите на оваа студиска програма се стекнуваат со потребните математичките занаења кои се применуваат во актуарската професија.

 
Наставен план
 
Студиската програма Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија на вториот циклус студии се состои од 3 задолжителни предмети и 1 изборен предмет. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.
  
Структура на студиската програма
ПРИМЕНЕТА МАТЕМАТИКА - МАТЕМАТИЧКА СТАТИСТИКА, АКТУАРСТВО И МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ ВО ЕКОНОМИЈА

Реден број

Код на предметот

Назив на наставниот предмет

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

ПРВА ГОДИНА (ПРВ И ВТОР СЕМЕСТАР)

1.

МСАММЕз01

Теорија на веројатност и математичка статистика

прв

3

3

10

2

МСАММЕз02

Одбрани делови од финансиска и актуарска математика

прв

3

3

10

3

МСАММЕз03

Одбрани делови од случајни процеси и математички методи во економија

прв

3

3

10

4

 

Изборен предмет*

втор

 

 

10

5

МСАММЕз04

Магистерска работа

втор

/

/

20

Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во студиската година

9+изб

9+изб

60

* Изборниот предмет може да се избира од листата изборни предмети на студиската програма или од Универзитетска листа на слободни изборни предмети за втор циклус на студии

 

Изборни наставни предмети на студиската програма

Реден број

Код

Назив на предметот

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

Единица

П

В

1.

МСАММЕи01

Повеќедимензионална статистика

втор

3

3

10

ПМФ

2.

МСАММЕи02

Бејзова статистика

втор

3

3

10

ПМФ

3.

МСАММЕи03

Теорија на екстремни вредности и примена во осигурување

втор

3

3

10

ПМФ

4.

МСАММЕи04

Математика на неживотно осигурување

втор

3

3

10

ПМФ

5.

МСАММЕи05

Математика на животно осигурување

втор

3

3

10

ПМФ

6.

МСАММЕи06

Стохастичко моделирање во финансиска математика

втор

3

3

10

ПМФ

7.

МСАММЕи07

Оптимизација во финансии

втор

3

3

10

ПМФ

8.

МСАММЕи08

Анализа на временски серии

втор

3

3

10

ПМФ

9.

МСАММЕи09

Општа теорија на еквилибриум

втор

3

3

10

ПМФ

10.

МСАММЕи10

Диференцијални и диференцни равенки

втор

3

3

10

ПМФ

11.

МСАММЕи11

Одбрани делови од теорија на игри и примена во економија

втор

3

3

10

ПМФ

12.

МСАММЕи12

Моделирање на економски процеси

втор

3

3

10

ПМФ

 

 

 

 

 

    
Координатор на студиската програма: 
Проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска
e-mail: aneta@pmf.ukim.mkagacovska@gmail.com​
тел: +389 2 3228 141 локал 137

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.