Втор циклус (мастер студии)

Применета математика - математичко моделирање и оптимизација (2019/2020)

Студиската програма на вториот циклус студии Нумеричка оптимизација и апроксимации којашто претходеше на оваа е акредитирана во 2014 година, а наставата започна да се реализира од учебната 2014/2015 година. Со оваа реакредитација го менуваме нејзиното име во студиска програма по Применета математика - Математичко моделирање и оптимизација 
Причината за преименување и предлагање на нови наставни планови и програми на студиите на оваа студиската програма е заради некои согледувања на Колегиумот на вториот циклус студии во врска со постоечките предметни програми, интересот на студентите и стручноста на расположливиот кадар. ​Наставата на оваа студиска програма се изведува во два семестра. Кандидатите што ги завршуваат овие студии стекнуваат 60 ЕКТС кредити.
  
Назив на студиската програма
  
  • Применета математика - математичко моделирање и оптимизација
  • Master Studies in Applied Mathematics - Mathematical Modeling and Optimization / Англиски назив

​Услови за запишување на студиите
   
На студиската програма Нумеричка оптимизација и апроксимации имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по математичко програмирање или математичка економија, односно студии по применета математика или актуарска и финансиска математика, според акредитацијата од учебната 2018/2019 година.
  • завршиле прв циклус студии по, теориска математика или наставна математика, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска математика или наставна математика.
  • завршиле прв циклус академски студии на некој од техничките факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршиле прв циклус академски студии на други факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно подрачје со евентуално полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
  • Одлука на Стучниот совет на Институтот за математика за одредување на диференцијални испити за студиската програма Применета математика - Математичко моделирање и оптимизација за учебната 2022/23 година (15.09.2022 год)

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по применета математика - математичко моделирање и оптимизација
  • Master of Applied Mathematics - Mathematical Modeling and Optimization / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции
Студиската програма Применета математика - математичко моделирање и оптимизација нуди теоретска и практична основа за усвојување на солидни основни и напредни познавања од математичкото моделирање комбинирано со разбирање и користење на современи техники, методи и компјутерски апликации за решавање на математичките модели, како и висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од практична природа.
Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во индустријата, во секторите за планирање и операционен менаџмент, секторите за моделирање и симулации, секторот за софтверски развој и подршка, како истражувачи, аналитичари, консултанти и при статистичка обработка на податоци.

Наставен план
Студиската програма Применета математика - математичко моделирање и оптимизација на вториот циклус студии се состои од 3 изборни предмети коишто се избираат од листата В1 и 1 изборен предмет којшто се избира од листата В2 или од универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус студии. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.​

Прв семестар
  • Изборен предмет 1 од Листа В1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10 
  • Изборен предмет 2 од Листа В1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10 
  • Изборен предмет 3 од Листа В2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10

Втор семестар
  • Изборен предмет 4 од Листа В2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10 
         или изборен предмет од универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус студии
  • Магистерска работа / ЕКТС 20

Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Ирена Стојковска 
e-mail: irenatra@pmf.ukim.mk, irena.stojkovska@gmail.com

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.