Втор циклус (мастер студии)

Применета математика - ​математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија (2019/2020)

Студиската програма на вториот циклус студии Применета математика-Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија, што се предлага за реакредитација, за првпат е акредитирана за учебната 2014/2015 година. Оваа насока е природно продолжување на студиската програма математичка економија/актуарска и финансиска математика што петнаесетина години се изведуваат на првиот циклус студии по математика. Наставата се изведува во два семестра. Кандидатите што ги завршуваат овие студии стекнуваат 60 ЕКТС кредити.
   
Назив на студиската програма
  
  • Применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија
  • Master Studies in Applied Mathematics - Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy

​Услови за запишување на студиите

На студиските програми по Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија имаат право на запишување лица кои:
Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата
  • Master of Applied Mathematics - Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции
Студиската програма по применета математика - математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економијата нуди основа за продлабочување на знаењата од областа на статистиката, актуарството и математичкото моделирање во економијата на сегашните и идните вработени во банкарскиот сектор, осигурителните друштва, пензиски и здравствени фондови, владини агенции, консултативни компании и други вакви организации. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во било кој сектор како статистички аналитичари, финансиски аналитичари, консултанти, истражувачи на пазарот. Студентите на оваа студиска програма се стекнуваат со потребните математичките занаења кои се применуваат во актуарската професија.

Наставен план
Студиската програма Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија на вториот циклус студии се состои од 4 изборни предмети. Од нив, во првиот семестар 2 се избираат од листата Г1 и 1 од листата Г2, додека во вториот семестар се избира 1 предмет од листата Г2 или од универизтетската листа на слободни изборни предмети за вториот циклус студии (препорачуваме тоа да биде предмет од оваа листа од Економскиот факултет). Сите предмети носат 10 кредити и имаат фонд од 3 часа предавања и 3 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.

Прв семестар
  • Изборен предмет 1 од Листа Г1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
  • Изборен предмет 2 од Листа Г1 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
  • Изборен предмет 3 од Листа Г2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10

Втор семестар
  • Изборен предмет 4 од Листа Г2 / фонд на часови 3+3 / ЕКТС 10
          или изборен предмет од универзитетската листа на изборни предмети за втор циклус студии 
          (Препорачуваме студентот да избере предмет од Универзитетската листа на слободни изборни предмети
           за втор циклус на студии од Економскиот факултет.)
  • Магистерска работа / ЕКТС 20 

Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Весна Манова Ераковиќ 
Контакт: 02/3249-650
e-mail: vesname@pmf.ukim.mk

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.