Институтот за математика во своето скоро осумдецениско постоење има образувано повеќе од 750 дипломирани математичари и професори по математика, околу 120 магистри и околу 50 доктори на математички науки.
Преку континуираното осовременување на студиските програми на нашите додипломски и постдипломски студии, ги оспособуваме студентите за правилно расудување, концептуално разбирање и стекнување знаења и вештини коишто ќе им бидат потребни во нивниот личен и професионален живот.
Нашата цел е да промовираме и одржуваме средина која поттикнува креативност, критичко мислење, истражување и активно учење, да овозможиме стимулативни математички искуства, но и практично искуство во професионални организации. Институтот за математика ќе се погрижи да стекнете солидно математичко образование и да станете професионалци коишто ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот.
| П | В | С | Ч | П | С | Н | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |