Центар за кариера

Оглас за пракса во CrazyLabs Macedonia

Компанијата CrazyLabs започнува програма за платена студентска пракса со можност за вработување по нејзино успешно завршување. Нашата цел е да допреме до студенти од Природно-математичкиот факултет –  оние коишто се во последната година или кои штотуку дипломирале – и да им понудиме можност за стекнување практично искуство и развивање на нивните професионални вештини.

Огласот за практикантската позиција, кој го содржи описот, условите, како и линк до Google формуларот за аплицирање може да го проследите овде.

9.12.2025 год.


АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА

На 4 декември 2025 година, г-ѓа Светлана Тасевска од ВФП Пензиско Друштво, одржа предавање за пензиските фондови, во рамки на деновите на финансиска писменост. И покрај малата посетеност, предавањето предизвика голем интерес кај присутните студенти и дел од наставниот и соработничкиот кадар на ИМ и ПМФ. Беа поставени многу прашања, кои нашата гостинка со задоволство ги одговори. Благодарни сме за соработката и се надеваме дека во иднина овој настан ќе го посетуваат студентите од ПМФ, а не само студентите од повисоките години на ИМ.

more









АКТИВНОСТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА

 

Центар за кариера / Работилница 1: Ти можеш повеќе отколку што мислиш

 


Што може да работи еден математичар?

Државните и приватните компании, владините организации, образовните институции и непрофитабилните сектори, се почесто бараат да вработуваат математичари, најмногу заради се поголемата популарност на математичките принципи и концепти во работата. Имено, математичарите се издвојуваат со своето аналитичко расудување, што е резултат на континуираното решавање на проблеми (задачи). Математичките професии се на врвот на листата со најдобро рангирани професии. Професиите се рангирани од најдобрата кон најлошата, врз база на повеќе критериуми, како примањата, изгледитe за вработување, стресот и слично. Овие истражувања се спроведени во САД, врз база на податоците од Бирото за статистика на САД (дополнителен текст Јазикот на математиката).


Зошто е тоа така? Светот станува се поматематички, влегува во нова ера на броевите. Потребата од математичарите е се поголема. Математичарите денес помагаат во лабараториите при изработка на нов медикамент, учествуваат при дизајнирањето на авионите и вселенските летала, креираат ефикасни алгоритми за процесирање на голем број на податоци, им овозможуваат на компаниите да имаат индивидуален пристап кон секој корисник, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на компаниите, и задоволството на корисниците. Со еден збор, математиката учествува во поставувањето на новите стандарди на современиот начин на живеење. 

Од друга страна, секој ученик нема да стане математичар, но сепак има потреба од математиката. Зошто и како? Исто како што телото станува посилно кога редовно вежбаме со трчање, скокање, кревање тегови, така умот станува посилен со редовно практицирање на математиката - решавање на задачи, разбирање на нови идеи, и докажување на тврдења. Сите спортисти не креваат тегови кога се натпреваруваат, но имањето на силни мускули им помага во сите спортови. Голем број од луѓето не користат напредна математика во нивната работа, но да се биде попаметен помага во се што ќе работите.

more


© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.