Втор циклус (мастер студии)

Математичко образование за основно и средно училиште (2019/2020)

Во учебната 2005/2006 година на постдипломските студии (стари студии, VII/2) на Институтот за математика се воведе насоката математичко образование, при што наставата се изведуваше во текот на 4 семестри. Оваа насока опстојуваше од академската 2005/2006 година до 2009/2010 година и за неа имаше голем интерес. Студиската програма по математичко образование за основно и средно училиште, што беше акредитирана за учебната 2014/2015 година, е наследник на оваа насока, но со ревидиран наставен план и изменети предметни програми. Насоката е реакредитирана без измени од учебната 2019/2020 год. 
  
Назив на студиската програма
  
  • Математичко образование за основно и средно училиште
  • Master Studies in Mathematical Education in Primary and Secondary School / Англиски назив

Општи и специфични компетенции
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште нуди основа за висок степен на развој на апстрактно и логичко мислење при анализирање и решавање на проблеми од апстрактна или практична природа, што овозможува решавање на сложени задачи во областа на математичкото образование. Магистрираните студенти можат да работат во основното и средното образование, во институции за развој на образованието и во институции од јавниот или приватниот сектор каде што е потребна знаења од областа на математичкото образование.
​Студентите на вториот циклус преку оваа студиска програма ќе се стекнат со знаења и вештини коишто ќе придонесат кон нивно усовршување како наставници во основно или средно образование, но ќе им овозможат и успешно да се вклучат во разни владини и невладини организации поврзани со образовниот систем во Р. Македонија.

​Услови за запишување на студиите
На студиската програма математичкo образование за основно и средно училиште имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по наставна математика.
  • завршиле двопредметни студии по математика - физика.
  • завршиле прв циклус студии по теориска математика, математичко програмирање или математичка економија, под услов да ги имаат положено предметите Дидактика на наставата по математика и Методика на наставата по математика со хоспитации.
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по наставна математика математика или теориска математика.
  • завршиле прв циклус академски студии на други факултети, со претходно полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно подрачје со евентуално полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.
  • Одлука на Стучниот совет на Институтот за математика за одредување на диференцијални испити за студиската програма Математичко образование за основно и средно училиште за учебната 2022/23 година (15.09.2022 год)

Траење на студиите
Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
  • Магистер по математичко образование во основно и средно училиште
  • Master of Mathematical Education in Primary and Secondary School / Англиски транскрипт на називот

​Наставен план
Студиската програма Математичко образование во основно и средно училиште на вториот циклус студии се состои од 3 задолжителни предмети (во првиот семестар) и 3 изборни предмети, коишто се избираат од поширока листа на изборни предмети (втор семестар, листа Б1). Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 7 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.

Студентот ги запишува предметите по претходна консултација и одобрување од раководителот на студиската програма.​

Прв семестар
  1. Наставни програми по математика
  2. Компјутерите во наставата по математика
  3. Споредбено образование и современи образовни системи за математика

Втор семестар
  1. Изборен предмет 1 од Листа Б1 / фонд на часови 2+2 / ЕКТС 7
  2. Изборен предмет 2 од Листа Б1 / фонд на часови 2+2 / ЕКТС 7
  3. Изборен предмет 3 од Листа Б1 / фонд на часови 2+2 / ЕКТС 7
         или од Универзитетската листа на слободни изборни предмети за втор циклус студии
  • Магистерска работа  / ЕКТС 18
​​
Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Билјана Крстеска
Контакт: 02/3249-665
e-mail: biljanak@pmf.ukim.mk

© 2024. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.