Членови на ФСС од ИМ

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ И НИВНО УЧЕСТВО ВО УПРАВУВАЊЕТО

Студентските собранија се тела на Универзитетот и на неговите единици во кои членуваат претставниците на студентите, кои ги претставуваат нивните интереси, барања и предлози.

Членовите и претседателот на факултетското студентско собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, со мандат од една година и со право за уште еден избор. Изборите, со одлука, ги распишува деканот наФакултетот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Изборите се спроведуваат во работни денови во текот на неделите за настава во соодветниот семестар.

Факултетското студентско собрание на ПМФ брои 36 претставници на студентите. Кандидатите за претставници во факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по Институти, со тоа што од секоја студиска година се предлага по еден кандидат од прв циклус и по еден кандидат од втор и од трет циклус студии. Право да избираат и да бидат избрани за членови на ФСС имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната година/семестар во кој се избира претседателот и факултетското студентско собрание.

Студентски претставник е студент на додипломски, постдипломски или докторски студии кој се интересира за настаните и одлуките донесени на Институтот или Факултетот и доколку има проблем или идеја како да се подобрат студиите, активно комуницира со студенти, со другите претставници, со професори или со раководителот на Институтот или со други лица по потреба.

 • Да речеме дека студентот има многу добар предлог за промена на нешто во предметот. Со кого треба да контактирам со оваа идеја? Претставникот на студентите ќе има улога на посредник затоа што знае на кого и на кој начин се предлагаат идеи - по електронска пошта до професорот, во разговор со раководителот на курсот, со предлагање на седницата на Советот ...

 • На пример, група студенти има проблем на одреден курс и сака да се пожали. Кому и како ќе го направат тоа? Тука влегува претставникот на студентите, кој зборува во име на студентите со личноста со која сметаат дека треба да се контактира - раководителот на Институтот, асистентот, наставникот.

• Да речеме дека матурант сака да знае нешто за Институот за математика, може да контактира со кој било од претставниците на студентите.

• Претставниците на студентите се исто така поврзани со Студентскиот сојуз на ПМФ и можат да комуницираат на пример со претставници на други Институти, со студентскиот правобранител или да ги насочат студентите да контактираат со еден од нив кога е потребно. Студентските претставници во рамките на Советот редовно комуницираат меѓу себе и се среќаваат по потреба за да разговараат за актуелни теми, проблеми и идеи на ниво на Институти. Институтот за математика има 6 претставници, а тие се претставени подолу.


Претставници на студентите во ФСС од Институтот за математика се: 

 


Игор Црња (I година) - АФМ

      Игор Црња (I година) - актуарска и финансиска математика 

      Заменик претседател

      e-mail: crnja04@gmail.com


     Христина Митреска (II година)

      e-mail: mitreskahristina@gmail.com

 


      Марко Дабески (III година)

      e-mail: marko.dabeski1@gmail.com

 

Александра Грујова (IV година - наставна математика)

       Александра Грујова (IV година) - наставна математика      

        e-mail: grujovaaleksandra@gmail.com

 


 

Јована Речкоска (II циклус - МИП)

      Јована Речкоска (II циклус) - насока: математички науки и примени

       e-mail: jovanareckoska@gmail.com


 

     Стево Ѓоргиев (докторски студии)

     e-mail: stevo.gjorgiev@gmail.com



© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.