Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално од 2016 година, а неговата цел е промовирање на математичките науки меѓу студентите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања. Предавањата на семинарите „Математика и примени“ се од научно-популарна природа од областа на теориската и применетата математика. За учество на овој настан не се плаќа котизација. На предавачите им се доделува сертификат за учество и им се овозможува објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. Не се доделуваат сертификати за слушателите.
На Семинарот можат да учествуваат како предавачи или слушатели студенти од сите три циклуси и сите насоки на факултетите при УКИМ: ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Градежен факултет, Архитектонски факултет, Економски факултет, како и од други факултети на УКИМ, но и од други универзитетите во Македонија. Сите заинтересирани униврзитетски професори и соработници, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор, се добредојдени со своето присуство и учество да го збогатат овој настан.
Семинар во најава
Одржани семинари „Математика и примени“:

| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |