Соопштение за промена на термин во распоред за предметот СПОРТ И ЗДРАВЈЕ
Терминот за предметот СПОРТ И ЗДРАВЈЕ кај проф. д-р Ристо Стаменов за групите на Институтот за математика е променет за ПОНЕДЕЛНИК 15.30 - 17.00. Ова е редовен термин за сите редовни студенти на математика, МФ и МИ. Вонредните студенти треба да се појават на првиот термин, на 19.10.2026 и да се договорат кои се правилата за потпис и настава за нив.
Соопштение за ноемвриска сесија во учебната 2026/2027 година
Се известуваат студентите од Институтот за математика коишто имаат право да полагаат испит во ноемвриската испитна сесија од учебната 2026/2027 година (студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2026/2027 год. и уредно им е заверен летниот семестар 2025/2026 год.) дека може да полаат само 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2025/2026 год.
Писмените испити ќе се одржат во понеделник, 2.11.2026 год. со почеток во 13:15 часот во математичкиот амфитеатар. Усните испити ќе се одржат во договор со предметните професори. Студентите задолжително да ги пријават испитите електронски (во iKnow системот) од 16.10.2026 (петок) до 27.10.2026 (вторник) и во хартиена форма во Одделението за студентски прашања..Студентот на денот на полагањето на испитот треба да носи со себе индекс.
Подготвителна настава по математика за студентите од прва година на Природно-математичкиот факултет-Скопје
Студентите од Институтот за математика од 2 до 15 Октомври ќе одржуваат подготвителна настава по математика за студентите од прва година на Природно-математичкиот факултет-Скопје со следниот распоред. Заинтересираните да се пријават кај Христина Митреска на следниот мејл: mitreskahristina@gmail.com
|
Подготвителни вежби по математика за бруцоши на ПМФ |
|||
|
Тема |
Предавач |
Термин |
Просторија |
|
Бројни множества. Операции со броеви. Равенки и неравенки |
Христина Митреска |
2.10.2026 (петок) 9:00-10:30 |
Математички амфитеатар |
|
Функции |
Андреа Главинческа |
2.10.2026 (петок) 10:45-12:15 |
Математички амфитеатар / М244 |
|
Алгебарски изрази и полиноми |
Тамара Вајдевска |
2.10.2026 (петок) 12:30-14:00 |
Математички амфитеатар / М244 |
|
Експоненти и логаритми |
Игор Црња |
5.10.2026 (понеделник) 14:00-15:30 |
Математички амфитеатар |
|
Тригонометрија |
Теона Ковилоска |
8.10.2026 (четврток) 11:00-12:30 |
М135 / М244 |
|
Линеарна алгебра |
Ана Дејкоска |
8.10.2026 (четврток) 12:45-14:15 |
М135 / М244 |
|
Комбинаторика |
Марија Стојковска |
9.10.2026 (петок) 12:00-13:30 |
М244 |
|
Аналитичка геометрија |
Емилија Клечкароска |
9.10.2026 (петок) 13:45-15:15 |
М244 |
|
Комплексни броеви |
Ивана Соколова |
15.10.2026 (четврток) 11:00-12:30 |
М135 / М244 |
|
Множества и логика |
Митко Тофилоски |
15.10.2026 (четврток) 12:45-14:15 |
М135 / М244 |
Европска ноќ на истражувачите
Природно-математичкиот факултет – Скопје, преку Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е дел од настанот „Европска ноќ на истражувачите“.
https://marie-sklodowska-curie-actions.ec.europa.eu/european-researchers-night
На 25 септември 2026 година (петок) од 13 до 17 часот, на Институтот за математика при ПМФ ќе се одржи работилница Креативна математика, со која сакаме да ја приближиме математиката до сите, а исто така, и нашите посетители да се запознаат со нас.
Ве каниме на Лабораториска посета: Креативна математика – Choose Science! и да ги проследите нашите активности.Придружете ни се на „Европската ноќ на истражувачите“ со ваша регистрација и присуство!
Лабораториска посета: Креативна математика – Choose Science!
Ако за настанот се заинтересирани групи ученици, за да не се пријавува секој ученик посебно, списокот од наставникот со ученици кои ќе присуствуваат на настанот треба да се испрати на следниот мејл: matematika@pmf.ukim.mk.
УМНО- интервју со раководителот на ИМ: Што може да работат дипломираните студенти на Институтот за математика
Јавна одбрана на магистерски трудови на Институтот за математика
Термини за испити од предмети што ги држат надворешни професори за јунската испитна сесија
Заверка на летниот семестар од учебната 2025/2026 година
Дружење во вторник 19 мај, 13 часот
По повод Денот на жените во математиката – 12 мај, на 19 мај 2026 год. во математичкиот амфитеатар организираме проекција на два инспиративни филма посветени на животот, работата и влијанието на жените во математиката и науката. Ќе се прикажуваат филмовите:
• Je suis Sophie Germain (Јас сум Софи Жермен)
• Secrets of the Surface: The Mathematical Vision of Maryam Mirzakhani (Тајни на површината: Математичката визија на Марјам Мирзакхани)
Целта на настанот е да ја доближи математиката до студентите преку приказни за истрајност, љубопитност, креативност и научна посветеност. Преку животните патишта на две извонредни математичарки, ќе имаме можност да разговараме за улогата на жените во науката, значењето на математиката во современото општество и инспирацијата што ја носат ваквите приказни.
На проекцијата се добредојдени сите студенти од Природно-математичкиот факултет, без разлика на студиската програма или година на студии.
Ве очекуваме на едно интересно и инспиративно дружење!
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |