Бесконечно многу идеи, плус уште една ♾️➕
Добредојдовте во ИМплус
По повод 80 години · 1946–2026
ИМплус е покренат по повод 80 години од основањето на Природно-математичкиот факултет и на Институтот за математика и му е посветен на овој јубилеј. На 16 декември 1946 започна наставата на Природно-математичкиот оддел, а со него и катедрата по математика, првата високошколска установа во Македонија.
Што е ИМплус?
ИМплус е гласник на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На едно место ги собира новостите од Институтот за математика во шест рубрики.
Зошто?
Активностите на Институтот се објавуваат на различни места, односно на веб-страниците на Институтот, на порталот ПОИМ, Природно-математичкиот факултет и институциите и здруженијата со кои соработува. ИМплус ги собира заедно, за колегите, студентите, учениците и пошироката јавност.
Како?
Секој број ги опфаќа активностите од последните два месеци, поделени во шест рубрики. Секој текст ја носи ознаката на својата рубрика. Вестите ги испраќаат вработените, студентите и соработниците на Институтот, со наслов, линк, датум и фотографија, или со краток опис до 150 зборови.
Името и знакот
ИМ е кратенка од Институт за математика, а плус значи нешто повеќе. Знакот е лемниската, кривата на бесконечноста, чие вкрстување во средината е знак плус.
Рубрики
01 Настава
02 Наука
03 Меѓународна соработка
04 Развој и иновации
05 Соработка со стопанството
06 Студенти
Испратете вест
Наслов, линк до објавата, датум и фотографија, или опис до 150 зборови. Содржините не треба да се постари од два месеци.
stevogjorgiev@pmf.ukim.mk
Уредник: м-р Стево Ѓоргиев
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |