Надворешен соработник д-р Калина Сотироска Иваноска

Предмети



Биографија

Проф. д–р Калина Сотироска Иваноска е родена 1982 година во Охрид. Дипломирала (2005) и магистрирала (2010) на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Докторската дисертација на тема „Перципирање на квалитетот на односот помеѓу лидерот и следбеникот кај вработени со различни стилови на следбеништво” под менторство на проф. Елисавета Сарџоска, ја одбранила во октомври 2014 година на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со што се стекнала со звањето доктор на психолошки науки. Во два мандати била декан на Факултетот за општествени науки при Меѓународниот универзитет Визион, каде во 2016 година, избрана е во звањето доцент. Во декември 2020 година избрана е во звањето вонреден професор во научните области организациска психологија и психологија на образование и воспитување на Филозофскиот факултет, Институт за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

E-mail: kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

Лична интернет страница: Проф. Калина Сотироска Иваноска – Филозофски факултет (ukim.edu.mk)

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.