Поранешен член на ИМ д-р Лилјана Бабинкостова

Предмети



Биографија

Родена е во Ташкент на 8 февруари 1965 г. Од 1967 г. живее во Скопје, кадешто ги завр­шила основното и средното образование. Во учебната 1984/85 г. се запишала на Математичкиот факултет во Скопје. По дипломирањето, во учебната 1989/90 г. се запишала на постдипломски студии по математика, а од мај 1990 г. се вработила како стручен соработник на Институтот за математика при ПМФ. Од 1994 г. работела како помлад асистент на Институтот за математика. Држела вежби по повеќе предмети за студентите од институтите за математика, физика, географија и информатика на ПМФ, како и за студентите од Фармацевтскиот факултет. На 12.5.1997 г. го одбранила магистерскиот труд под наслов "Хомотопска класификација на бинарни слики". Наскоро по добивањето на докторската диплома, замина во САД од приватни причини и сега работи на Boise State University во САД.

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.