Бојан Карапалевски е роден на 05.04.2001 година во Битола.Средно училиште завршил во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен во 2019 година и бил прогласен за првенец на генерација. За време на средното образование има учествувано на натпревари по математика, физика, шах и литературни натпревари и има освојувано награди. Во учебната 2019/2020 година се запишува на прв циклус студии на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје настудиската програма теориска математика, каде во септември 2023 година ја одбранува својата дипломска работа со наслов „Гаусови цели броеви“ и го завршува првиот циклус студии со просечен успех 9,40.Има познавања од анализа, обработка и процесирање на податоци.Од учебната 2023/2024 година е студент на втор циклус студии на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје настудиската програма Математички науки и примени.
Распоред на часови:
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |