Д-р Бранко Трпеновски е роден во Охрид во 1934 година. Дипломирал во 1957 година во Скопје. Докторирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Загреб на тема Prilog teoriji n-polugrupa. За асистент на Природно-математичкиот факултет во Скопје е примен во 1957 година. Подоцна работи како редовен професор на Електротехничкиот, па на Машинскиот факутет во Скопје. Проф. Трпеновски е еден од нашите најдобри алгебристи и извонредни наставници. Коавтор е на значајниот учебник во четири тома "Виша математика" (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона и Наум Целакоски), на учебникот "Предавања по алгебра", кн.2 (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона), како и на значајни учебници од теоријата на веројатноста. Заземал високи должности: декан на ЕТФ, ректор на УКИМ, амбасадор во Бразил. Почина на 25 мај 2005 година, во Скопје.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |