Поранешен член на ИМ м-р Миле Крајчевски

Предмети



Биографија

Миле Крајчевски е роден во Скопје во 1954 г. Дипломирал на Математичкиот факултет во 1979 г., каде што бил избран за помлад асистент во 1980 г. Од 1985 д 1989 г. работел како асистент на математичкиот институт при ПМФ во Скопје. Од 1987 до 1988 г. бил на платено отсуство на докторски студии во САД, на State University of New York at Binghamton, кое се продолжило до 1989 г. работниот однос на ПМФ му завршил на 1 јануари 1990 г. Во 1994 г. ја одбранил дисертацијата со наслов Tilings of the plane and Hyperbolic groups. Од 1995 г. работи како предавач на Универзитетот на Јужна Флорида во Тампа, САД. Како асистент на Математичкиот институт, голем дел од примањата ги користел за набавка на странска литература. За одбележување е еден негов прекрасен гест: при неговата посета на Математичкиот институт, при што одржал предавање, ја подарил целата своја математичка библиотека од 300 скапи странски книги на Библиотеката на Институтот.

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.