Поранешен член на ИМ д-р Ковина Милошевиќ

Предмети



Биографија

Ковина Милошевиќ-Ракочевиќ е еден од првите асистенти на Институтот за математика, произлезени од редовите на неговите студенти. Родена е во Скопје во 1928 година. Дипломирала во 1951 година на Филозофскиот факултет во Скопје, катедра за математика. На 8 јануари е избрана за асистент. Член на Институтот била до 1 јули 1957, кога е разрешена од должноста по свое барање. Докторирала во Белград и се вработила на Економскиот факултет во Белград каде што останала се' до својата рана смрт.

Во Скопје ја водела астрономската секција при Математичкиот институт и вежби по голем број предмети. Нејзино поле на интерес биле сумации, редови и приближни пресметувања во астрономијата, а подоцна и разни проблеми од економијата. Автор е на учебник по математика за економисти.

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.