Маријан Малезановски е роден во Титов Велес во 1956 г. Дипломирал на ПМФ во Скопје во 1978 г., а со нострификација на диплома во 1984 г. се здобил со степен специјалист по теориска математика. Избран е за помлад асистент на Математичкиот факултет во 1979 г. До 1986 г. работел на ПМФ во Скопје како помлад асистент. На специјализација во САД бил од 1 јануари 1982 до 1 јануари 1983 г. Отсуството му било продолжено до 1 јануари 1984 г., за постдипломските студии на Универзитетот во Лексингтон, Кентаки, САД. Таму се вработил, а работниот однос на ПМФ му престанал на 16 септември 1986 г. Повеќе не се вратил во Македонија.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |