Поранешен член на ИМ д-р Милан Попадиќ

Предмети



Биографија

Милан Попадиќ е роден во Белград во 1912 година, а починал во 1980 година. Докторирал во 1954 година на ПМФ во Загреб на тема O induktivnim sistemima. На 1 февруари 1948 година му е потврден изборот за универзитетски асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, а на 1 март 1949 година, за универзитетски предавач. Во Скопје работел од 1948 година до 1954 година како доцент, а потоа преминал на Градежниот факултет во Белград, кадешто работел како вонреден и редовен професор.

Суптилен стручњак за теоријата на броевите и основите на математиката. Негови позначајни трудови се: За индуктивните системиМатематичка индукцијаТрансфинитна индукцијаНеравенства во теоријата на броевите. Бил одличен преведувач на математичката литератута.

Д-р Милан Попадиќ бил човек со светска култура, со познавања на модерните и класичните јазици, филозофијата, литературата и математиката. Во наставата бил естет, стилист и уметник. Многу значел за македонската средина во тоа време.

© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.