Д-р Ристо Стојанов Малчески е роден на 9 август 1957 година во с. Гудурица, СФРЈ (денешна Србија). Основно училиште завршил во Прилеп, а средно во Скопје во Математичката паралелка при гимназијата „Георги Димитров“. Во основното и средното образование учествувал на натпреварите по математика на кои освоил повеќе пофалници и награди. Дипломирал на Математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1980 година на тема „Аналитичко продолжување на функции“. Малчески бил прогласен за најдобро дипломиран студент на Математичкиот факултет во 1980 година и е носител на плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По дипломирањето се вработил како професор по математика во Медицинското училиште во Прилеп, бил професор по математика во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, бил помлад асистент по математика на Економскиот факултет во Прилеп, а од 1987 до 1998 година работел како помлад асистент и асистент по математика на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од 1987-1991 година ги завршил последипломските студии по математика на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и магистрирал на тема „Субнормални оператори“, а докторирал во 1998 година исто така на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Прилог кон теоријата на n-нормираните простори“. Во 1998 година бил избран за доцент од областа на математичката анализа на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 2003 година преминал на Факултетот за општествени науки (подоцна ФОН Универзитет) каде бил избран за вонреден професор од областа на математиката, а од 2006 година е редовен професор од областа на метематиката на ФОН универзитетот. Во 2020 година преминал на Славјанскиот универзитет, од каде во 2021 година заминал во пензија.
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |