Предавање на WVP Пензиски фонд: Подигнување на финансиската писменост на студентите
Како дел од прославувањето на Глобалната недела на парите, а со цел унапредување на финансиската писменост на населението, со посебен акцент на студентите, координативно тело од регулаторните институции за финансиска едукација (Народна банка, Министерство за финансии,Агенција за супервизија во осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност) во соработка со Бирото за образование, следната недела организираат низа предавања.
Во соработка со Институтот за математика, ВФП Пензискиот фонд ќе одржипредавање кое е од интерес на сите студенти при ПМФ, но и во интерес навработените. Ќе може да се запознаеме со Пензискиот систем на нашата држава, можностите, социјалното, капитализираното пензиско осигурување, но и со третиот столб, приватното пензиско осигурување.
Ја користиме оваа прилика да ве поканиме на ова предавање, што ќе се одржи во математичкиот амфитеатар на 21.03.2024 (четврток), со почеток од 12:00 часот. Времетраењето на излагањето ќе е најмногу 45 минути.
Седми семинар „Математика и примени“ - 15 март 2024 година..
Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално веќе неколку години, а неговата цел е промовирање на математичките науки меѓу младите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања. Предавањата на Седмиот семинар ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. За учество на овој настан не се плаќа котизација. На предавачите ќе им биде доделен сертификат за учество и ќе им биде овозможено објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. Нема да се доделуваат сертификати за слушателите.
На Семинарот можат да учествуваат како предавачи или слушатели студенти од сите три циклуси и сите насоки на факултетите при УКИМ: ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Градежен факултет, Економски факултет, како и од други факултети при универзитетите во Македонија. Ги каниме и сите заинтересирани униврзитетски професори и соработници, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор, со своето присуство и учество да го збогатат овој настан.
Важни датуми:
8 март 2024 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавње на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2024.doc.
11 март 2024 година - краен рок за задолжителна онлајн регистрација.
15 март 2024 година - ден на одржување на Семинарот.
30 јуни 2024 година - краен рок за поднесување трудови од одржаните предавања за објавување во електронското и печатеното издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување труд од нивното предавање, својата работа треба да ја испратат на адреса на координаторите: проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com).
Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2024.doc.
Фонтовите што се користат во овој урнек се македонски (SKOLA_font_family.zip) и
можат да се преземат одовде: Македонски кирилични фонтови | Министерство за информатичко општество и администрација (mioa.gov.mk).
Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто.
Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk)
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com)
Приматијада 28.4.2024-2.5.2024
Оваа година, студентската манифестација Приматијада ќе се одржи во Требиње, Босна и Херцеговина, во период од 28 април до 2 мај 2024 година.
Рокот за испраќање на апстрактот за научните трудови е до 1 април 2024 год., а целосниот научен труд треба да биде испратен до 10 април.2024 год.
Пријавувањето е ОТВОРЕНО и заинтересираните студенти може да се пријават на следната Google форма:
https://docs.google.com/.../1FAIpQLSdBEYrjNyO.../viewform...
Дополнително, на следниот линк може да се најдат и правилата за натпреварување:
Прва работилница за унапредување на вештините на студентите за кариерен развој
Конкурс - втор циклус студии / втор уписен рок 2023/2024
* КОНКУРС за запишување студенти на ВТОР циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година
* СЛОБОДНИ МЕСТА за запишување студенти во втор уписен рок
* УПАТСТВО
1. Кандидатите задолжително се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и пополнуваат електронска пријава во iKnow-системот.
2. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување се внесува во пријавата што се поднесува при пријавување за запишување (поднесување документи).
3. Документите се поднесуваат со физичко присутство од 5.02.2024 до 16.02.2024г. во просторија број 9 (Деканат) кај Јадранка Стојчевска, советник за деловно работење во стручната и административна служба на Природно - математички факултет.
* РОКОВИ за кандидатите кои се пријавуваат на ВТОР циклус / втор уписен рок
- од 5.02.2024 до 16.02.2024г. Пријавување на кандидатите
- 20.02 и 21.02.2024 г. Запишување на кандидатите
Дополнителни термини за добивање на потпис (остварување на правото за потпис) и термини за полагање на испитот Спорт и здравје во првата испитна сесија во учебната 2023/2024 година (надворешните професори)
|
СПОРТ И ЗДРАВЈЕ Проф. д-р Ристо Стаменов од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за студентите од прва година |
|
|
I декада
|
17.01.2024 г. од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ |
|
II декада |
31.01.2024 г. од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ (терминот 28.01.2024 г. е во недела и затоа е сменет за 31.01.2024)
|
23.01.2023г. Оддеканатот
Соопштение за задолжителен систематски преглед за студентите од прва година
Соопштение за задолжителен систематски преглед за студентите од прва година
Дополнителни термини за добивање на потпис (остварување на правото за потпис) и термини за полагање на испитот Спорт и здравје во првата испитна сесија во уч.2023/2024 година
|
Дополнителни термини за добивање на потпис (остварување на правото за потпис) и термини за полагање на испитот Спорт и здравје во првата испитна сесија во уч.2023/2024 година (надворешните професори)
|
|
|
СПОРТ И ЗДРАВЈЕ Проф. д-р Ристо Стаменов од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје iysskopje@yahoo.com
за студентите од прва година
|
|
|
I декада
|
17.01.2024 г. од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ |
|
II декада |
28.01.2024 г. од 9:00 до 12:00 часот на ФФОСЗ
|
15.01.2023 г. Од деканатот
ПРОДОЛЖЕН РОК за Повикот за апликации на Регионалната програма замобилност за студенти/млади истражувачи од ПРВ и ВТОР циклус студии до 21 Јануари 2024
ПРОДОЛЖЕН РОК за Повикот за апликации на Регионалната програма за мобилност за студенти/млади истражувачи од ПРВ и ВТОР циклус студии до 21 Јануари 2024
Повик за Регионална програма за мобилност на младинско лидерство (линкови од Facebook и Instagram постовите)
Дополнителни информации во врска со повикот:
Во соработка со Центарот за наука и иновации (Албанија) и Иницијатива за човекови права (Србија) неодамна објавивме Повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти/активисти/млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија или Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за прашања поврзани со младите.
Крајниот рок за аплицирање е 21.01.2024 година.
Заинтересираните кандидати аплицираат со свои индивидуални предлози (акциони планови) за застапување базирани на факти, со помош на формуларот за предлози кој е прикачен на повикот и со пополнување на формата за апликација, во рамките на една од приоритетните тематски области:
1) Регионална соработка и европска интеграција;
2) Образование и можности за вработување;
3) Миграција и одлив на мозоци;
4) Младинско учество и
5) Младинска акција кон двојна транзиција: дигитална и зелена.
Кандидатите се охрабруваат да аплицираат со конкретизирани и специфицирани планови во една од областите споменати погоре. По евалуацијата, избраните учесници (стипендисти на RYLMP) ќе бидат поделени во групи од тројца, по еден учесник од секоја земја во согласност со нивните полиња на интерес. Тие ќе работат со своите врсници и менторска поддршка на нивните акциони планови базирани на факти.
Дополнително, планирании се два двонеделни периоди на истражувачка мобилност во секоја земја.
За време на проектот, на учесниците ќе им биде обезбедена стипендија во висина од 2.000 долари од страна на Фондацијата Отворено општество со цел покирање на патните трошоци, сместувањето и други поврзани трошоци за успешно завршување на активностите за истражување и застапување.
Работниот јазик на сите активности на програмата е англиски.
Доколку имате прашања или ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, може да се обратите кај Проектната координаторка на Програмата за истражување анализа и креирање на младински образовни политики, на lucija_chukelovska@mof.org.mk или на 078/914-495.
Измена во термините за полагање испит по предметот Вовед во математичка анализа
Измена во термините за полагање испит по предметот Вовед во математичка анализа:
Од предметниот професор