Известување за студентите од прва година кои добиле „условен потпис“, за дополнителни термини за консултации по предметот Спорт и здравје
Известување за студентите од прва година кои добиле „условен потпис“, за дополнителни термини за консултации по предметот Спорт и здравје
Почитувани студенти,
Ги информирам студентите, кои добиле „условен потпис“ во iknow системот, дека треба да дојдат на консултации, кои ќе се одржуваат секој понеделник и среда од 9.00-11.00 часот на ФФОСЗ (студентот може да одбере еден од понудените термини).
Напоменувам, дека ова известување се однесува само за студентите кои неуспеале во редовниот термин да се стекнат со право за потпис и реализација на предметот. Дополнителната настава и останатите обврски ќе може да ги исполнат во периодот од летниот семестар за што ќе бидат благовремено известени.
Во договорот со продеканот за наставни и студентски прашања, проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ и раководителот на Одделението за студентски прашања, зимскиот семестар ќе ви биде непречено заверен, но за да се полага испитот ќе треба да се посетува дополнителната настава, како што е наведено погоре.
Консултациите ќе се одржуваат на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети.
проф. д-р Ристо Стаменов
Известување за студентите од ПРВА година во учебната 2024/2025 година
Почитувани студенти од ПРВА година,
Повторно Ве известуваме дека дека сите информации потребни за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар во уч.2024/2025 година, како што се: Соопштението за заверка на зимскиот и упис на летен семестар во уч.2024/2025 година, Важните напомени кон соопштението (со вметнати обрасци/барања) и сите потребни Одлуки за организација и реализација на заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар за студентите од прв циклус студии, се објавени на на веб страницата на факултетот на следниве линкови: Линк 1, Линк 2.
Истите се објавени во iknow системот во модулот соопштенија и на огласните табли на институтите, како и на централната огласна табла при факултетот.
Ви напоменуваме дека постапката за заверување на зимскиот (I) и упис на летен (II) семестар од уч. 2024/2025 година ќе се одвива исклучиво по електронски пат, за разлика од постапката кога се запишувавте на факултет по прв пат, односно кога се запишувавте прв семестар.
Вашите термини за обработка на податоците од страна Одделението за студентски прашања се:
|
Студенти запишани по прв пат во учебната година: |
го заверуваат семестарот/го запишуваат семестарот |
Период за заверка на зимски и упис на летен семестар: |
|
уч.2024/2025 г. |
1/2 |
5-6 февруари 2025 |
Голем број од студентите од ПРВА година, само го запишале летниот семестар, но не ги запишале и предметите.
Ве молиме, да ги почитувате термините за ПРВА година, затоа што во следните термини/денови ќе се обработуваат електронските уписи на студентите од погорните години.
Следствено на тоа, вашите уписи ќе се обработуваат после редовниот рок (од 19.02.2025) односно во периодот на запишување на семестар по истекот на рокот со надоместок за задоцнето запишување од 1500 денари. Одговорноста за задоцнување, ќе биде само ваша.
Затоа, ве молиме повторно да го прочитате упатството за
ЕЛЕКТРОНСКО ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ СЕМЕСТРИ - ЧЕКОРИ
1. Студентот треба ЕЛЕКТРОНСКИ да ги запише: летниот семестарот, а потоа и предметите во летниот семестар, следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство. Потоа треба да потврди дека ги има исполнето условите за предметите и што значи дека изборот на предметите е финален, со штиклирање на квадратчето.
Потврдувам дека ги имам исполнето условите за предметите
2. Одговорното лице од одделението за студентски прашања, треба да направи проверка на запишаните предмети (дали се исполнети предусловите, кои се дефинирани во студиската програма и сл.) и доколку:
-се е во ред, (уредно се внесени електронските потписи од зимскиот семестар и уредно се внесени електронски оценки) ќе го валидира уписот и внесува порака во студентскиот коментар и во забелешката во семестарот;
- доколку, има недостатоци (невнесени потписи, погрешни предмети), студентот ќе добие порака со насоки во студентскиот коментар и во забелешката во семестарот.
3. Студентот треба да ја изврши електронската уплата, по валидирањето од страна на одделението за студентски прашања преку својот профил во периодот за упис на неговата година, да ги отстрани недостатоците во профилот или да побара помош од одделението за студентски прашања на мејл.
Се замолуваат студентите од ПРВА година, во периодот на упис, активно да го користат својот профил во Iknow системот и слободно да се обратат на одгворните лица од одделението за студентски прашања.
|
Одделението за студентски прашања одговорното лице за Институт |
електронска адреса од одговорното лице за подршка и комуникација со студентите |
|
Институт за биологија, за следниве студиски програми: - Биологија - наставни кадри за средно образование - Биохемија и физиологија - Екологија двопредметни студии по биологија-хемија
Институт за етнологија и антропологија |
|
|
Институт за биологија, за студиските програми: - Молекуларна биологија со генетика - Нутриционизам
|
elenat@pmf.ukim.mk |
|
Институт за математика Институт за физика - двопредметни студии по математика -физика Институт за хемија |
elenad@pmf.ukim.mk |
|
Институт за географија
|
-keti@pmf.ukim.mk Раководител на Одделението за студентски прашања
На студентите, кои нема да постапат согласно напатствијата во објавеното соопштение и важните напомени, како и дополнителните насоки кои ќе им бидат дадени од одговорните лица од одделението за студентски прашања (во коментарот и забелешката), односно доколку има студенти од кои ќе нема никаков одговор/комуникација, интерес и постапување за завршување на административниот процес ќе им бидат избришани електронските записи во системот, по истекување на роковите за упис.
Со почит,
Раководител на Одделението за студентски прашања,
Кети Костадиновска, keti@pmf.ukim.mk
Известување за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар од учебната 2024/2025 година
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека дека сите информации потребни за заверка на зимскиот и упис на летниот семестар во уч.2024/2025 година, како што се: Соопштението за заверка на зимскиот и упис на летен семестар во уч.2024/2025 година, Важните напомени кон соопштението (со вметнати обрасци/барања) и сите потребни Одлуки за организација и реализација на заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар за студентите од прв циклус студии, се објавени на на веб страницата на факултетот на следниве линкови: Линк 1, Линк 2.
Истите се објавени во Iknow системот во модулот соопштенија и на огласните табли на институтите, како и на централната огласна табла при факултетот.
Заедничкото позитивно искуство што го стекнавме во запишувањето на зимскиот семестар исклучиво по електронски пат, се надевам дека на сите, многу ќе ни ја олесни постапката за заверување на зимскиот и упис на летен семестар од уч. 2024/2025 година која ви престои како следна административна обврска во вашето студирање.
Ве замолуваме во периодот на упис, активно да го користите својот профил во Iknow системот и да го проверувате коментарот (во деновите за обработка на уписот за вашата година), а се подразбира дека треба благовремено да ви бидат внесени електронските потписи за предметите од зимскиот семестар и електронските оценки во вашето електронско досие.
На студентите, кои нема да постапат согласно напатствијата во објавеното соопштение и важните напомени, како и дополнителните насоки кои ќе им бидат дадени од одговорните лица од одделението за студентски прашања (во коментарот и забелешката), односно доколку има студенти од кои ќе нема никаков одговор/комуникација, интерес и постапување за завршување на административниот процес ќе им бидат избришани електронските записи во системот, по истекување на роковите за упис.
Распоред на обработка на уписите на студентите по години:
|
Студенти запишани по прв пат во учебната година: |
Го заверуваат семестарот/го запишуваат семестарот |
Период за заверка на зимски и упис на летен семестар: |
|
уч.2024/2025 г. |
1/2 |
5-6 февруари 2025 |
|
уч.2023/2024 г. |
3/4 |
7-10 февруари 2025 |
|
уч.2022/2023 г. |
5/6 |
11-12 февруари 2025 |
|
уч.2021/2022 г. |
7/8 |
13-14 февруари 2025 |
|
уч.2020/2021 г. и претходно |
9 и нагоре/ 10 и нагоре |
17-18 февруари 2025 |
Рокови:
|
Редовен рок |
05.02.2025 до 18.02.2025 г
|
/ |
|
Запишување на семестар по истекот на рокот |
19.02.2025 г. до 04.03.2025 г. |
Со поднесено барање со образложение. Уплати: во износ од 1.500 денари -надоместок за задовнето запишување на семестар по истекот на рокот, при поднесување на барањето и 50,00 денари административна такса |
|
Мирување на студиите |
до 04.03.2025 г. |
Со поднесено барање со образложение и соодветна документација, како доказ, за причините на мирувањето Уплати: во износ од 2.000 денари, при поднесување на барањето, 100,00 денари надоместок за издавање на Решение и 50,00 денари административна такса |
|
Рокови за одбрана на дипломска работа |
до 31.03.2025 г. |
Студентите се ослободуваат од запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 година. Барањето за отворање досие треба да биде поднесено најдоцна до 04.03.2024 година. |
|
/ |
По 31.03.2025 г. |
На студентите нема да им биде дозволено запишување на летниот семестар во учебната 2024/2025 г. |
Поддршка и комуникација со студентите
|
Одделението за студентски прашања одговорното лице за Институт/студиска програма |
електронска адреса |
|
Институт за биологија, за следниве студиски програми: - Биологија - наставни кадри за средно образование - Биохемија и физиологија - Екологија двопредметни студии по биологија-хемија
Институт за етнологија и антропологија |
|
|
Институт за биологија, за студиските програми: - Молекуларна биологија со генетика - Нутриционизам
|
elenat@pmf.ukim.mk |
|
Институт за математика Институт за физика - двопредметни студии по математика -физика Институт за хемија |
elenad@pmf.ukim.mk |
|
Институт за географија
|
Со почит,
Раководител на Одделението за студентски прашања,
Кети Костадиновска,
keti@pmf.ukim.mk
Известување за дополнителен термин за консултации и давање потписи по предметот Спорт и здравје
Осми семинар „Математика и примени“, 14 март 2025 година
Соопштение за систематски преглед
Почитувани студенти од прва година,
Ве известуваме дека треба да се јавите на задолжителен систематски преглед од 27.01.2025 до 31.01.2025 година, во периодот од 7:30 до 12:00 часот.
Одделението за студентски прашања ќе врши проверка за обавен систематски преглед, при заверка на првиот семестар.
Соопштение со сите важни детали.
Слободни места за запишување студенти на втор циклус студии по математика во вториот уписен рок од учебната 2024/2025 год. (КОНКУРС)
Слободни места за запишување студенти на втор циклус студии по математика во вториот уписен рок од учебната 2024/2025 год. (КОНКУРС)
Соопштение за термини за консултации и потписи по предметот Спорт и здравје
Одлука за измена на календарот на активности за учебната 2024/2025 година
Одлука за рокови за упис на летниот семестар од учебната 2024/2025 година
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 |
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |