Успесите на студентите на ИМ на Приматијада 2024
Во периодот од 28.04-02.05.2024, во Требиње, Босна и Херцеговина се одржа научно-спортската манифестација Приматијада 2024.
Нашите студенти зедоа учество во повеќе категории.
Во категоријата научни трудови од областа на математиката го освоија второто и третото место:
Второ место: Ангела Јакимовска, Бојана Најденова и Марија Стојковска со научен труд со наслов „Математички генерирани фонтови Fold and Cut метод“ под менторство на проф. д-р Ирена Стојковска
Трето место: Христина Митреска со научен труд со наслов „Победничка стратегија во повеќедимензионална икс-точка“ под менторство на ас. м-р Илија Јовчески
Исто така, нашите студентки Бојана Најденова и Христина Митреска беа дел од тимот на ПМФ за шах во женска категорија, кој го освои третото место.
Честитки за постигнатиот успех!
Code for Earth 2024
Студентите што се заинтересирани можат да се пријават на една од понудените тематики (индивидуално или во група). Доколку се избрани, ќе можат да работат со ментори на проектот и секој успешно завршен проект ќе добие награда од 5000 евра. Дополнителен линк: Code for Earth
Сооопштение за термин за испит по предметот Спорт и здравје во априлската сесија 2024
Предметот СПОРТ И ЗДРАВЈЕ кај проф. д-р Ристо Стаменов од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
iysskopje@yahoo.com ќе се полага на 17.04.2024 во 14.30 часот.
Од Деканатот
Соопштение за термин за предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК во априлската испитна сесија 2024
Предметот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кај проф. д-р Симон Саздов - Филолошки факултет (s.sazdov@yahoo.com) ќе се полага на 17.04. 2024 година во 10:30 часот во просторијата ТЕМПУС, во близина на Библиотеката за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на прв кат.
Од Деканатот
Соопштение за термин за предметот Психологија во априлската испитна сесија 2024
Се известуваат студентите од Институтот за математика дека предметот ПСИХОЛОГИЈА кај проф. д-р Калина Сотироска - Филозофски факултет, ќе го полагаат на 15.04.2024 во 16:00 часот во просториите на Филозофски факултет, со претходна најава на маил на проф. kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk
Од Деканатот
Соопштение за термини за испитите по предметите ФИЗИКА 1 и ФИЗИКА во априлската испитна сесија 2024
ТЕОРИЈА - 12 април 2024 година (петок), почеток 12:00 часот
ЗАДАЧИ - 17 април 2024 година (среда), почеток 12:00 часот
ЗАБЕЛЕШКА - Студентите, покрај пријавувањето во системот iknow, задолжително треба да го најават своето присуство најдоцна 48 часа пред закажаниот термин со испраќање електронска порака до предметниот наставник на следнава адреса petreskairina@gmail.com. На денот на испитот студентите треба да бидат пред кабинетот на предметниот наставник (кабинет бр. 107 на Институтот за физика) 15 минути пред почетокот на испитот.
Од предметниот наставник
проф. д-р Ирина Петреска
Соопштение за априлска сесија 2024
Се известуваат студентите од Институтот за математика коишто имаат право да полагаат испити во априлската испитна сесија 2024 (студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2023/2024 г. и уредно им е заверен зимскиот семестар од уч. 2023/2024 г.) дека може да полагаат само еден испит од зимскиот семестар од учебната 2023/2024 год.
Писмените испити ќе се одржат во четврток, 11.04.2024 год. со почеток во 12 часот во математичкиот амфитеатар.
Студентите задолжително да ги пријават испитите електронски (во iKnow системот), како и да се пријават по маил кај асистент Ерблина Зеќири на erblina_zeqiri@hotmail.com, заклучно до петок, 05.04.2024 година, до 14 часот.
Студентот на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).
18.03.2024 г.
Институт за математика
Предавање на WVP Пензиски фонд: Подигнување на финансиската писменост на студентите
Како дел од прославувањето на Глобалната недела на парите, а со цел унапредување на финансиската писменост на населението, со посебен акцент на студентите, координативно тело од регулаторните институции за финансиска едукација (Народна банка, Министерство за финансии,Агенција за супервизија во осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност) во соработка со Бирото за образование, следната недела организираат низа предавања.
Во соработка со Институтот за математика, ВФП Пензискиот фонд ќе одржипредавање кое е од интерес на сите студенти при ПМФ, но и во интерес навработените. Ќе може да се запознаеме со Пензискиот систем на нашата држава, можностите, социјалното, капитализираното пензиско осигурување, но и со третиот столб, приватното пензиско осигурување.
Ја користиме оваа прилика да ве поканиме на ова предавање, што ќе се одржи во математичкиот амфитеатар на 21.03.2024 (четврток), со почеток од 12:00 часот. Времетраењето на излагањето ќе е најмногу 45 минути.
Седми семинар „Математика и примени“ - 15 март 2024 година..
Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално веќе неколку години, а неговата цел е промовирање на математичките науки меѓу младите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања. Предавањата на Седмиот семинар ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. За учество на овој настан не се плаќа котизација. На предавачите ќе им биде доделен сертификат за учество и ќе им биде овозможено објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. Нема да се доделуваат сертификати за слушателите.
На Семинарот можат да учествуваат како предавачи или слушатели студенти од сите три циклуси и сите насоки на факултетите при УКИМ: ПМФ, ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Градежен факултет, Економски факултет, како и од други факултети при универзитетите во Македонија. Ги каниме и сите заинтересирани униврзитетски професори и соработници, но и претставници од индустрискиот и општествениот сектор, со своето присуство и учество да го збогатат овој настан.
Важни датуми:
8 март 2024 година - краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето. Заинтересираните предавачи треба да ги пратат насловот и апстрактот на своето предавње на адреса: проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com). Должината на секое поединечно предавање на Семинарот е 20 минути. Урнекот за апстрактот, кој треба да ни го пратите, може да го симнете одовде: urnek_za_apstrakt_mip2024.doc.
11 март 2024 година - краен рок за задолжителна онлајн регистрација.
15 март 2024 година - ден на одржување на Семинарот.
30 јуни 2024 година - краен рок за поднесување трудови од одржаните предавања за објавување во електронското и печатеното издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика - ПОИМ. Заинтересираните предавачи за објавување труд од нивното предавање, својата работа треба да ја испратат на адреса на координаторите: проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk) или на: проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com).
Урнекот за трудот може да го симнете одовде: urnek_za_trud_mip2024.doc.
Фонтовите што се користат во овој урнек се македонски (SKOLA_font_family.zip) и
можат да се преземат одовде: Македонски кирилични фонтови | Министерство за информатичко општество и администрација (mioa.gov.mk).
Ве покануваме да учествувате на Семинарот, било како предавач, било како слушател, за заедно да ѝ оддадеме признание на македонската математичка традиција, но и на математиката и нејзината примена во науките, технологијата, природата, културата и животот воопшто.
Со почит,
Координаторите на Семинарот
Проф. д-р Ирена Стојковска (irena.stojkovska@gmail.com, irenatra@pmf.ukim.mk)
Проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова (celakoska@gmail.com)
Приматијада 28.4.2024-2.5.2024
Оваа година, студентската манифестација Приматијада ќе се одржи во Требиње, Босна и Херцеговина, во период од 28 април до 2 мај 2024 година.
Рокот за испраќање на апстрактот за научните трудови е до 1 април 2024 год., а целосниот научен труд треба да биде испратен до 10 април.2024 год.
Пријавувањето е ОТВОРЕНО и заинтересираните студенти може да се пријават на следната Google форма:
https://docs.google.com/.../1FAIpQLSdBEYrjNyO.../viewform...
Дополнително, на следниот линк може да се најдат и правилата за натпреварување:
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 | 4 |
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |