Соопштенија

15 октомври 2025

Одлука за запишување дипломска работа


15 октомври 2025

Информативно предавање – IAESTE Македонија: Интернационални студентски пракси


26 септември 2025

Центар за кариера / Работилница 1: Ти можеш повеќе отколку што мислиш


22 септември 2025

РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ОД УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

Распоред на часови за зимскиот семестар од учебната 2025/2026 година

Забелешка: Првиот академски час за бруцошите е на 1.10.2025 година (среда), а наставата (за сите студенти) започнува на 2.10.2025 година (четврток) според дадениот распоред.



12 септември 2025

Соопштение за  заверка на летниот семестар во учебната 2024/2025 година и упис на  зимски семестар во учебната 2025/2026 година за студентите на ВТОР циклус студии


16 јули 2025

Соопштение за испитни рокови во августовско-септемвриската сесија за предметите Психологија, Педагогија, Македонски јазик и Англиски јазик


10 јули 2025

Соопштение  за третата (августовско-септемвриска)   испитна сесија во учебната 2024/2025 г. за студентите  на ВТОР циклус студии

Се известуваат студентите на ВТОР ЦИКЛУС студии  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека третата  испитна сесија во учебната 2024/2025 г.  ќе се одвива во периодот од:

20 август  2025 до  24 септември 2025  (две декади)

Неработни денови:  

  • - 28.08.2025 г. (четврток) е неработен ден, Успение на Пресвета Богородица (православна вероисповед);
  • 08.09.2025 г. (понеделник) е неработен ден, 8 септември,  Ден на независноста;
  • 16.09.2025 г. (вторник) е неработен ден, Прв ден на Јом Кипур (еврејска заедница). 

Термините  за полагање на испитите, се дефинираат во договор со  предметните професори.

Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат испити по предметите слушани во  зимскиот семестар и  летниот семестар во учебната 2024/2025 година, за кои им се остварени сите обврски.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО електронското пријавување на испитите во  i-know системот, ќе се одвива од  12.05.2025  до  01.06.2025 г.     Во i-know системот, сесијата се води како: 2025  (Летна) втора испитна сесија

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во  iknow системот.  (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

 

ПОДРШКА и комуникација со  студентите

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс,  до одговорното лице, Ивана Мицевска – Ристовска, Соработник за магистерски и докторски студии, е-маил:  ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk

Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања.  Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

 

Задоцнето пријавување испит  Доколку  не  го пријавиле   испитот  во дефинираниот рок, студентите, уплаќаат  1.000,00 денари надоместок за задоцнето пријавување испит, односно задоцнето електронско пријавување на испит по рокот.

 

Надоместокот за задоцнето пријавување испит, студентите треба да го уплатат преку своите профили во iknow системот преку Модулот документи,  селектираат  Барање за задоцнето пријавување на испит (од 2024) со што ќе им се овозможи  да ја извршат уплатата во износ од 1000,00 денари.

После реализирањето на уплатата, студентот задолжително  до одговорното лице, Ивана Мицевска – Ристовска, Соработник за магистерски и докторски студии, е-маил:  ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk,  со кратка содржина: број на индекс и  кој испит/и треба да му се пријави/ат со задоцнување.

04.07.2025 година                                                                                                                                            од  деканатот,


10 јули 2025

Известување за обврската за  практичната настава за академската 2024/2025 година за студентите од ПРВ циклус студии

Почитувани студенти,

Согласно воспоставената пракса, ве информираме дека  и оваа година студентите може да реализираат практична настава за академската 2024/2025 г., во период од 30 дена, до крајот на зимскиот семестар 2025/2026 година.

07.07.2025 година                                                                                                                             од деканатот,


07 јули 2025

Соопштение за третата (августовско-септемвриска)  испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Се известуваат редовните и вонредните студенти  на прв циклус студии на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет-Скопје, дека третата испитна сесија во учебната 2024/2025 година  ќе се одвива од:

20 август  2025 до  24 септември 2025  (две декади)

Неработни денови:  

  • 28.08.2025 г. (четврток) е неработен ден, Успение на Пресвета Богородица (православна вероисповед);
  • 08.09.2025 г. (понеделник) е неработен ден, 8 септември,  Ден на независноста;
  • 16.09.2025 г. (вторник) е неработен ден, Прв ден на Јом Кипур (еврејска заедница). 

ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факул­тетот, најдоцна до 07.07.2025 година.

При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу термините од првата и втората декада, да има минимум 10 дена (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат испити по предметите слушани во  зимскиот семестар и  летниот семестар во учебната 2024/2025 година, за кои им се остварени сите обврски, како и да им е уредно  заверен летниот семестар во  учебната 2024/2025 година.

НАПОМЕНА 1 -  рокови и начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНО електронското пријавување на испитите во  i-know системот, ќе се одвива од  08.07.2025  до  19.08.2025 г.

Во i-know системот, сесијата се води како: 2025  Август-септемвриска  испитна сесија  

Право на полагање на испит, ќе имаат само оние студенти кои уредно ќе го пријават испитот.

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во  iknow системот во дефинираниот рок, согласно Календарот на активности.  (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија)

 

Сите студенти на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет-Скопје ги пријавуваат само  испитите по предметите кои  планираат да ги полагаат во сесијата преку својот профил во iknow системот, во полето пријави,   без разлика каде ги слушале. (кратко упатство, подоле).

 

Задоцнето пријавување испит  Доколку  не  го пријавиле   испитот  во дефинираниот рок, студентите, уплаќаат  1.000,00 денари надоместок за задоцнето пријавување испит, односно задоцнето електронско пријавување на испит по рокот.

Надоместокот за задоцнето пријавување испит, студентите треба да го уплатат преку своите профили во iknow системот преку Модулот документи,  селектираат  Барање за задоцнето пријавување на испит (од 2024) со што ќе им се овозможи  да ја извршат уплатата во износ од 1000,00 денари.

После реализирањето на уплатата, студентот задолжително  на одговорното лице од одделението за студентски прашања кое е задолжено за неговата студиска програма,  треба  да прати порака на електронските адреси (наведени подоле), со кратка содржина: број на индекс и  кој испит/и треба да му се пријави/ат со задоцнување.

Студентите треба да го проверат распоредот на испити, доколку има термини за полагање во декадите во сесијата, кои не се временски поминати во моментот кога електронски го пријавуваат испитот со задоцнување (задоцнетото пријавување да е пред терминот за полагање) и да го информираат предметниот професор дека пријавуваат задоцнето.

Студентите  треба  да ги почитуваат напомените, затоа што крајна цел е на студентите да им се олесни процедурата на добивање  оценка (електронска и во хартиена пријава) на крајот на секоја испитна сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање.

НАПОМЕНА 2

Подршка и начин на комуникација со студентите со Одделението за студентски прашања

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, до одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси:

  -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (Институтот за биологија, студиски програми: биологија-наставни кадри за средно образование, биохемија и физиологија, екологија, екологија и животна средина,    двопредметни студии по биологија–хемија и Институт за етнологија и антропологија );

-elenat@pmf.ukim.mk (Институтот за биологија, студиските програми: молекуларна биологија со генетика и нутриционизам);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk    (сите студиски програми на Институтот за   географија)

 -elenad@pmf.ukim.mk   (сите студиски програми на Институтите  за: математика, физика хемија и двопредметни студии по математика-физика);

 -keti@pmf.ukim.mk   Раководител на Одделението за студентски прашања

Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања, согласно календатот на активности на факултетот.  Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

НАПОМЕНА 3

Запишувањето на зимскиот семестар од  учебната 2025/2026 година,  ќе се одвива во периодот од  18.09.2025 до 01.10.2025.  Соопштението за начинот на организација на целиот процес  ќе биде дополнително објавено.

04.07.2025 година                                                                                                                      од  деканатот,


04 јули 2025

ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ УПИСОТ НА​ ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

1.      Електронското пријавување во iKnow системот  Аплицирањето е активирано на  30.06.2025 година и ќе трае до 20.08.2025 година, до 14:00 часот. Оргиналните документи, НЕ треба да се прикачуваат во iknow системот.

2.      Пријавувањето, односно поднесување на сите документи ќе се одвива само во два дена, односно на 19.08.2025 и 20.08.2025 година, во Одделението за студентски прашања при факултетот,  од 8:00 до 14:00 часот, со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО во горната зграда-нов дел.

 Сите потребни информации, можат да се најдат во документите објавени  на следниве линкови на веб страницата на факултетот:

1. Насловна

2. Страница за Уписи на Прв Циклус 2025/2026  


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.