Соопштенија

09 мај 2026

СООПШТЕНИЈА ЗА ВТОРА (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС - ЈУНИ 2026 (ДЕКАНАТ)


09 мај 2026

Информација за следните рокови: пријавување испити, заверка на летниот семестар, итн.


17 април 2026

Предaвања на професори од Еразмус + програмата (Мобилност на наставници)

Во периодот од 4 до 8 мај, на Институтот за математика, проф. д-р Харалд Ворачек од Техничкиот универзитет во Виена и проф. д-р Ана Соколова од Универзитеот во Салцбург, ќе се одржуваат предавања за студенти во рамки на Еразмус + програмата за мобилност на наставнивници. Секое предавање ќе биде придружено со примери и задачи. Потребниот воведен и дополнителен материјал за читање ќе биде вклучен во зависност од потребите на публиката. Наставата ќе се одвива физички, со присуство.

Студентите коишто се заинтересирани да ги следат предавањата да се пријават кај проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова на celakoska@gmail.com или на vesnacj@pmf.ukim.mk. Слушањето на овие предавања влегува во додатокот на дипломата. 

Предавањата се следните:

1. Проф.д-р Ана Соколова - Алгебарска теорија на автомати  (Algebraic Automata Theory)

Unit 1: Basic notions and results on automata, regular expressions and languages.

Unit 2: Kleene’s theorem and its unusual proof.

Unit 3: Syntactic monoids and Schutzenberger’s theorem.

Распоред: Вторник, 5 мај, 15-17 часот, просторија 135, Среда, 6 мај: 13 - 16 часот, просторија 143, Петок: 8 -10, просторија 148. 

2. Проф. д-р Харалд Ворачек - Теорија на униформни простори (Theory of uniform spaces.) - Топологија

Unit 1: Uniformities as a generalisation of metric space

Unit 2: Completeness and compactness in uniform spaces

Unit 3: Applications: Hausdorff metric and uniformity on compact subsets of a space

Распоред: Понеделник, 4 мај: 14-16 часот, просторија 135, Среда, 6 мај, 12-15 часот, просторија 135, Петок, 8 мај: 10 -13, просторија 135.


05 март 2026

Мартовска сесија за студентите на математика

Писмените испити во мартовската испитна сесија ќе се одржат на 23.3.2026 година (понеделник) од 13 до 15 часот во математичкиот амфитеатар.

Во мартовската (дополнителна) испитна сесија студентите може да пријават и полагаат само 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на испитите ќе се одвива според упатствата на Одделението за студентски прашања.


26 февруари 2026

Деветти семинар „Математика и примени“ 2026

Почитувани колеги,

Оваа година семинарот „Математика и примени“ ќе се одржува во текот на два дена.

Првиот дел од Семинарот е комплетно организиран од група студенти на ИМ во рамки на проект „IX Семинар математика и примени“,

финансиран од УКИМ, а добиен преку ФСС на ПМФ, а претставува главно комбинација од научно-популарни предавања  и работилници за средношколци.

1. Работилниците ќе се одржат на 12.3.2026 година, а пријавувањето ќе се одвива преку формата дадена со следниот линк

Учеството е ограничено на 50 ученици, заради просторните можности на Институтот.

Во вториот дел од Семинарот е наменет за студентите, при што излагачите ќе ни презентираат одредени научно-популарни теми од теориската и применетата математика..

Линк до страницата за пријавување, подготовка на апстракт и труд има овде.


10 февруари 2026

Соопштение за одбрана на докторска дисертација


10 февруари 2026

Соопштение за одбрана на магистерска работа


09 февруари 2026

Семинар Математика и примени за средношколци

Семинар Математика и примени за средношколци


29 јануари 2026

Период за добивање печати во индекс 4-6 март 2026


25 јануари 2026

Известување за Деветтиот семинар „Математика и примени“

 

Драги колеги,
Ве известуваме дека е отворена регистрацијата за Деветтиот Семинар „Математика и примени“ кој ќе се одржи на 13 март 2026 година.
Семинарот „Математика и примени“ се одржува традиционално веќе неколку години. Предавањата на Семинарот ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. На предавачите ќе им биде доделен сертификат за учество со предавање и ќе им биде овозможено објавување на нивниот труд во едицијата Математички омнибус. За учество на овој настан било како предавач, било како слушател, не се плаќа котизација.
Важни датуми:
4 март 2026 - краен рок за поднесување апстракти
9 март 2026 - краен рок за задолжителна онлајн регистрација на следниот линк: https://docs.google.com/.../1FAIpQLSfb2fh9y.../viewform...
13 март 2026 - ден на одржување на Семинарот
Линк до повеќе информации за Семинарот: https://im-pmf.weebly.com/devetti-seminar-matematika-i...
Институт за Математика, ПМ

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.