Соопштенија

19 мај 2023

Термини за испити по предметите Физика 1 и Физика во јунската испитна сесија во учебната 2022/2023

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ФИЗИКА 1 И ФИЗИКА ВО ВТОРАТА (ЈУНСКА)ИСПИТНА СЕСИЈА 2022/23

I ДЕКАДА

ТЕОРИЈА - 6 јуни 2023 година (вторник), почеток 10:00 часот, просторија бр. 241

ЗАДАЧИ - 8 јуни 2023 година (четврток), почеток 10:00 часот, просторија бр. 241

II ДЕКАДА

ТЕОРИЈА - 22 јуни 2023 година (четврток), почеток 10:00, просторија бр. 241

ЗАДАЧИ - 29 јуни 2023 година (четврток), почеток 10:00, просторија бр. 241

ЗАБЕЛЕШКА - Студентите, покрај пријавувањето во системот iknow, задолжително треба да гонајават своето присуство најдоцна 48 часа пред закажаниот термин со испраќање електронскапорака до предметниот професор на следнава адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.

Од предметниот наставник

проф. д-р Ирина Петреска

симни документ


15 мај 2023

Известувањето за термините од надворешните професори за втората испитна сесија од уч.2022/2023 година

  ВТОРА  (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО  УЧ.2022/2023 ГОДИНА

 

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

 

I декада

08.06.2023 во 15:30 во просториите на Филозофскиот факултет

II декада

29.06.2023 во  15:30 во просториите на Филозофскиот факултет

 

ПЕДАГОГИЈА

Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет

borcekostov@yahoo.com

 

I декада

на 05.06.2023 (понеделник) во 12 часот во предавална 10

II декада

на 19.06.2023 (понеделник)  во 10 часот во предавална 10

 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 

   s.sazdov@yahoo.com

 I декада

15.6.2023 од 10 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет

II декада

27.6.2023 од 10 часот во Амфитеатар 1,  на Филолошкиот факултет

 

ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3

Проф. Катерина Сековска- Анѓеловиќ

 Студии по географија

k.angelovik@gmail.com

I декада

 

7 јуни 2023  во 10:00 ч. - ПМФ

 

II декада

 

21 јуни 2023 во 10:00 ч. - ПМФ

АНГЛИСКИ ЈАЗИК  1, 2 , 3 и 4

Проф. Искра Стаменковска - Студии по географија - iskra_feb@yahoo.com

I декада      (терминот ќе биде дополнително објавен)

 II декада (терминот ќе биде дополнително објавен )

РУСКИ ЈАЗИК

Проф. Ирен Алчевска

iren_alcevska@mail.ru

Студии по математика, физика, математика-физика

 

I декада

писмен на 5.06.2023 г. во 9 часот/ устен на 6.06.2023 г. во 9 часот 

II декада

писмен на 19.06.2023 г. во 9 часот/ устен на 20.06.2023 г. во 9 часот.

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК 

Проф. Солзица Поповска - Студии по математика, физика, хемија, математика-физика

solzica_popovska@yahoo.com

I декада      (терминот ќе биде дополнително објавен)

II декада    (терминот ќе биде дополнително објавен )

 

 

12.05.2022 г.                                                                      Од деканатот,


12 мај 2023

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ЗА ПРЕДМЕТИТЕ ОД ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ЈУНСКАТА СЕСИЈА 2023

Термини за полагање на испитите кои студентите од Институтот за математика ги слушаат на Економскиот факултет во Скопје:

 

Jунска сесија 2023

 

Предметен професор

 

1

Основи на економија

Проф. д-р Предраг Трпески 

6.06.2023

2

Макроекономија

Проф. д-р Трајко Славески

7.06.2026

3

Микроекономија

Проф. д-р Даниела Мамучевска 

20.06.2023

4

Финансиски пазари и институции

Проф. д-р Кирил Јовановски            

21.06.2023

 

Времето за полагање го објавува Економски факултет Скопје, на нивната веб страна. Ве молиме, следете ги информациите на https://eccf.ukim.edu.mk/, во делот соопштенија за јунска сесија.


12 мај 2023

Соопштение за заверка на летниот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите од ПРВ ЦИКЛУС студии

С о о п ш т е н и е 

за заверка на летниот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите од ПРВ ЦИКЛУС студии

Се известуваат редовните и вонредните студенти од прв циклус студии на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека заверката на летниот семестар во учебната 2022/2023 година  ќе се одвива, во  периодот од:

29 мај 2023 г.  до 9 јуни 2023 г.

на шалтерот од Одделението за студентски прашања

 од  11:00 до 15:00 часот

  • 02.06.2023 г. е неработен ден, петок пред Духовден (православна вероисповед)

Потребно е да се достават следниве документи:

1.  Индекс

Во индексот треба уредно да се собрани сите потписи од предметните професори за ислушани предавања и изработени вежби во летниот семестар во учебната 2022/2023 г., како и уредно собрани електронски потписи во iknow системот, во периодот од 18.05.2023 г. до 02.06.2023 г.

2. Образец за заверка на летниот семестар А4, уредно пополнет со предметите кои студентот ги слушал во летниот семестар во 2022/23 година.

Напомена:  

Ги потсетуваме редовните и вонредните студенти, на кои им е одобрено плаќање на рати, согласно одобреното барање за плаќање на рати за летниот семестар во учебната 2022/2023 г. (2 рата 24 март 2023 г. и 3 рата 24 април 2023 г.), доколку досега не ги извршиле уплатите, задолжително да ја подмират целата сума за партиципација/школарина и да достават уплатница на денот на заверка на семестарот.

12.05.2023 .                                                                            од  Деканатот,


03 мај 2023

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО ВТОРАТА (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/23 ГОДИНА

РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ВО ВТОРАТА (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/23 ГОДИНА

симни документ


26 април 2023

СООПШТЕНИЕ ЗА ВТОРАТА (ЈУНСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

Соопштение  за ВТОРАТА (јунска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ВТОРАТА (летна) испитна сесијаво уч. 2022/2023 година  ќе се одвива во две декади во периодот од:

5 јуни 2023 –7 јули 2023    (две декади) 

  • 02.06.2023 г. е неработен ден, петок пред Духовден (православна вероисповед)
  • 28.06.2023 г. е неработен ден, прв ден на Курбан Бајрам  (муслиманска вероисповед)

ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факул­тетот.

ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

Студентите во втората испитна сесија, можат да полагаат предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2022/2023 година.

Семестрите треба да им се  уредно   запишани и заверени (летниот семестар ќе се заверува во период од 29.05-09.06.2023),  како и да имаат уредно добиено  потпис во индекс и електронски  потпис во i-know системот (18.05-02.06.2023).

 НАПОМЕНА 1 -  начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО  I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД: 01.05.2023  од  04.06.2023 ГОДИНА

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ  УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во  iknow системот.  (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

 

 

НАПОМЕНА 2  

Само вонредните студенти и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават (прикачат) уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                             ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                             НБРСМ

- трансакциска сметка                                       100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ              1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                  723013 - 41 – 2

НАПОМЕНА 3

  Заверување на  летниот семестар во уч. 2022/2023 година,  ќе се одвива во периодот од    29.05.2023 до 09.06.2023 г.   Соопштението за организацијата  на заверката  на летниот семестар во уч.2022/2023 година,  ќе биде дополнително објавено. Наставата во летниот сeместар во уч.2022/2023 г. ќе се одвива до 31.05.2023 г.

НАПОМЕНА 4 

Студентите  треба  да почитуваат напомените, затоа што целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите. 

Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот), ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

 

ПОДДРШКА и комуникација со  студентите

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси:

  -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтот за билогија, освен  МБГ и двопредметни студии по биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk    (математика, двопредметни студии по математика-физика, физика, географија, етнологија и антропологија)

 -elenad@pmf.ukim.mk   (хемија, молекуларна биологија со генетика),

 -keti@pmf.ukim.mk      Раководител на Одделението за студентски прашања

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и електронска  адреса со која е регистриран во системот, на следнава електронска адреса: stefan@pmf.ukim.mk

 Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба,  во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

 

25.04.2023 година                                                                                                                                                Од  деканатот,


29 март 2023

Отворен конкурс за стипендијата Фулбрајт за постдипломски и постдокторски студии

Подетални информаци за стипендијата можете да најдете на следните линкови:

https://mk.usembassy.gov/the-fulbright-scholar-competition-for-the-2024-2025-academic-year-is-now-open/

 https://mk.usembassy.gov/the-fulbright-student-competition-for-the-2024-2025-academic-year-is-now-open/


28 март 2023

Термини за испити по Физика 1/ Физика во априлската испитна сесија 2023

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ФИЗИКА 1 И ФИЗИКА ВО

АПРИЛСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2022/23


ТЕОРИЈА - 7 април 2023 година (петок), почеток  12:15 часот

ЗАДАЧИ - 12 април 2023 година (среда), почеток 11:00 часот

 

 ЗАБЕЛЕШКА  -  Студентите,  покрај  пријавувањето  во  системот  iknow,  задолжително  треба  да  го најават  своето  присуство  најдоцна  48  часа  пред  закажаниот  термин  со  испраќање  електронска порака  до  предметниот  наставник  на  следнава  адреса petreskairina@gmail.com.  На  денот  на испитот студентите треба да бидат пред кабинетот на предметниот наставник (кабинет бр. 107 на Институтот за физика) 15 минути пред почетокот на испитот.

Од предметниот наставник

проф. д-р Ирина Петреска

симни документ


19 март 2023

Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2023 година

Агенција за супервизија на осигурување Република Северна Македонија

К О Н К У Р С

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2023 година

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2023 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари. Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

− апстракт;

− осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;

− опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;

− анализа;

− заклучни согледувања и

− библиографија.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2023 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик. Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2023 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови. Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година“.Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување. Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2023 година. Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2023 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

симни документ


19 март 2023

Термин за полагање на предметот Македонски јазик во априлска (дополнителна) сесија во учебната 2022/2023 година

 2023 АПРИЛСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА)  ИСПИТНА СЕСИЈА ВО   УЧ. 2022/2023 Г.

надворешни професори

 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 

   s.sazdov@yahoo.com

 

12 април 2023 г. во 9 часот и 15 минути

во просторијата

ТЕМПУС (спроти библиотеката за македонски јазик) на

Филолошки факултет „Блаже Конески“.

 

17.03.2023 г.                                                                                                                                                                                                  Од деканатот,

симни документ


© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.