Соопштенија

20 декември 2022

Сопштение за предавање (проф. д-р Живорад Томовски) со наслов „Фракционални карактеристични фунцкии и фракционални моменти од случајни променливи“

На 22.12.2022 година со почеток во 10:30 часот на Институтот за математика при ПМФ во предавалната М148, проф. д-р Живорад Томовски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе одржи предавање со наслов: Фракционални карактеристични фунцкии и фракционални моменти од случајни променливи (Апстракт).

Предавањето е отворено за сите заинтересирани слушатели.


Од Институтот за математика


13 декември 2022

 

Натпревар во шах за студенти на УКИМ - 75 години ФЗНХ во Скопје

 

Почитувани,
 
по повод 75 години Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје, на 15.12.2022 година (четврток) со почеток во 9,00 часот во деканската сала на Факултетот, се планира да се одигра ТУРНИР ВО ШАХ застудентите на УКИМ во Скопје. 
 
Турнирот се планира да се одигра во два дела:
1. Симултанка против интенац. мајстор Димитар Илиевски, и
2. Натпревар помеѓу факултетски студентски екипи, доколку има доволен број пријавени тимови по факултети. 
 
За таа цел, доколку имате свои екипи, Ве молам најдоцна до среда (14.12.2022) до 12 часот пријавете по 2 студента од Вашиот Факултет, на е-маил bunevskigjoko@gmail.com.
Ќе ни биде особено задоволство ако Вашите студенти повторно учествуваат на овој наш Јубилеј (како што беше и за Јубилеите за 65 и 70 години ФЗНХ). 
 
Со почит, 
Проф. д-р Ѓоко Буневски
претседател на комисијата за студентски активности и спорт при ФЗНХ

30 ноември 2022

Отворен ден на Институтот за математика на 2.12.2022

СООПШТЕНИЕ
Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
2 декември 2022

 

Драги матуранти, наши идни студенти!

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 2 декември 2022 во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.  Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

***Презентацијата на студиските програми на Инстутутот за математика ќе се одржи со почеток во 12.30 часот во Математичкиот амфитетар М121. Истата ќе може да ја следите и онлајн на следниот линк: https://us05web.zoom.us/j/83430522089?pwd=ak04VTFBaGNjUDJxeVhJWktmMURjUT09

симни документ


18 ноември 2022

Соопштение за предавање (проф. д-р Невена Мијајловиќ, Универзитет на Црна Гора, Подгорица) со наслов: „Методи за решавање на квазиваријациони неравенства“

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 24.11.2022 година со почеток во 10:00 часот на Институтот за математика при ПМФ во предавалната М148, проф. д-р Невена Мијајловиќ, вонреден професор на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот на Црна Гора од Подгорица ќе одржи предавање со наслов:

„Методи за решавање на квазиваријациони неравенства“

Предавањето е отворено за сите заинтересирани слушатели.

Повеќе информации за проф. д-р Невена Мијајловиќ може да се најдат нанејзината web-страна https://www.ucg.ac.me/radnik/170334.


Од Институтот за математика

симни документ


29 септември 2022

Прв академски час на ПМФ 

Почитувани,

На ден 03.10.2022 година (понеделник) ќе се одржи првиот академски час со почеток во 12:00 часот, во амфитеатарот „проф. д-р Ордан Печијаре“- (кој се наоѓа на приземје во горната зграда на Факултетот).

Новите студенти кои се запишани на сите студиски програми на Природно–математичкиот факултет во Скопје во учебната 2022/2023 година, ќе бидат поздравени од деканот на Факултетот проф. д-р Александар Скепаровски.

Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.

По свеченоста, индексите на новите студенти ќе им бидат врачени од раководителите на соодветните институти.

Декан на ПМФ

Проф.д-р Александар Скепаровски


29 септември 2022

Прв академски час на Институтот за математика 

Почитувани,

На ден 03.10.2022 година (понеделник) ќе се одржи првиот академски час на Институтот за математика, со почеток во 12:45 часот, во Математичкиот амфитеатар М121.

Новите студенти кои се запишани на студиските програми на Институтот за математика при Природно–математичкиот факултет во Скопје во учебната 2022/2023 година, ќе бидат поздравени од раководителот на Институтот за математика проф. д-р Ирена Стојковска. На студентите ќе им бидат врачени индексите, со кој чин свечено ќе биде одбележан нивниот прием на Институтот за математика.

Раководител на Институтот за математика

Проф. д-р Ирена Стојковска


| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | следно >>
© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.