Соопштенија

19 март 2023

Настан „Глобална недела на парите 2023“

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, заедно со пензиските друштва и Природно-математичкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, ВЕ ПОКАНУВААТ, да присуствувате на настанот/предавањето организирано по повод одбележување на Глобалната недела на парите 2023 година на кој ќе имате можност да ги збогатите своите финанасиска знаења, односно да научите како функционира пензискиот систем во државата, од што ќе зависи Вашата идна пензија, да слушнете за можностите за дополнителното пензиско штедење, придобивките од долгорочното инвестирање и влијанието на економските шокови врз инвестираните средства на краток и долг рок.

Дојдете заеднички да ја одбележиме Глобалната недела на парите 2023 години и да ја зголемиме свесноста за потребата од долгорочно ПЛАНИРАЊЕ НА ВАШИТЕ ПАРИ И ЗАСАДУВАЊЕ НА ВАШАТА ИДНИНА УШТЕ ОД ДЕНЕС, зошто времето до пензија поминува, побрзо отколку што мислиш.

Настанот се одржува на ден 22.03.2023 година (среда) со почеток во 11 часот во Математичкиот амфитеатар М121 на Институтот за математика.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

симни документ


13 март 2023

Соопштение за АПРИЛСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 година 

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје дека, априлската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2022/2023 г., ќе се одвива во периодот од 07.04.2023 г. до 13.04.2023 г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во учебната 2022/2023 година  и уредно им е заверен зимскиот семестар од учебната 2022/2023 година.

Студентите во априлската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од зимскиот семестар од учебната 2022/2023 година.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во 2023 априлската  (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 17.03.2023 г. до 06.04.2023 г.

Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната априлската (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени најдоцна до 27.03.2023 г. на огласните табли и на веб страните на институтите на ПМФ.

НАПОМЕНА:

Само вонредните и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                    ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                    НБРМ

- трансакциска сметка                                              100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                     1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                        723013 - 41 – 2

- цел на дознака                                                        (за полагање испит)

 

13.03.2023 година                                                              од Деканатот, 

симни документ


07 март 2023

Информација за EIT 2023 Jumpstarter

EIT Jumpstarter program е организиран од Заедниците за знаење и иновации на EIT. Има цел да создаде одржливо влијание во Централно-источните и јужноевропските региони преку зајакнување на иновациите и претприемништвото во овој дел од Европа.

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе, регистрирајте се на информативниот вебинар, кој ќе се одржи на 20.03.2023 г. од 13:00 – 14:00 часот. Линк за регистрација.

Повеќе информации, како и формата за апликација за EIT Jumpstarter program, се достапни тука: https://eitjumpstarter.eu/eit-jumpstarter-is-back-for-2023/

Крајниот рок за аплицирање е 16 Март 2023 г.

Оваа програма е достапна и за студентите на втор и трет циклус студии.

 

Во име на Проректорката за наука, проф. д-р Валентина Гечевска,

Со почит,

Катерина Климоска

симни документ


25 февруари 2023

Известување за обука за актуари 2023-2025

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во периодот од март 2023 година до јуни 2025 година ќе организира обука за актуари.

Повикот за пријавување на лица за учество на обука и полагање на стручниот испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар ќе биде објавен на веб страница www.aso.mk и во дневен весник на ден 1.3.2023 година.

Согласно Повикот, сите заинтересирани лице ќе може до АСО да достават Пријава за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар во периодот од 1.3.2023 до 10.3.2023 година по што обуката по однос на првиот предмет од Наставната програма ќе започне на 13.3.2023 година.

симни документ


09 јануари 2023

Термини за испити во јануарско-февруарската испитна сесија по предметот Психологија 

 

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет 

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

17.01.2023 во 13:00 часот,

(местото на одржување на испитот, ќе биде во договор со проф.)

II декада

31.01.2023 во 13:00 часот

(местото на одржување на испитот, ќе биде во договор со проф.) 

 


28 декември 2022

Термини за испити во јануарско-февруарска сесија по предмети што ги држат надворешни професори на ПМФ 

2023 (ЗИМСКА) ПРВА ИСПИТНА  УЧ.2022/2023 ГОДИНА

надворешни професори

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

 

I декада

дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот

II декада

дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот

 

ПЕДАГОГИЈА

Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет

borcekostov@yahoo.com

 

I декада

16.01.2023 во 12 часот во предавална 10

II декада

30.01.2023 во 12 часот во предавална 10

 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет

s.sazdov@yahoo.com

 

I декада

18.01.2023  во 10 часот во А3 (Голем амфитеатар) на Филолошки факултет

II декада

 08.02.2023 во 13 часот во А3 (Голем амфитеатар) на Филолошки факултет

 

ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3

Проф. Катерина Сековска- Анѓеловиќ

 Институт за  географија

k.angelovik@gmail.com

I декада

 

18.01.2023 г. - Италијанскијазик 1,2,3 во 10:00ч. училнабр 65

 

II декада

01.02.2023 г. - Италијанскијазик 1,2,3во 10:00ч. училна 65

 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК  1, 2 , 3 и 4

Проф. Искра Стаменковска - Институт за  географија- iskra_feb@yahoo.com

I декада-дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот

 II декада- дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Проф. Солзица Поповска

solzica_popovska@yahoo.com 

Студии по математика, физика, математика-физика

 

I декада - 25.01.2023 г. во 12.00.ч , амфитеатар1, Филолошки факултет

 

II декада - 1.02.2023 во 12.00.ч , амфитеатар1, Филолошки факултет

 

РУСКИ ЈАЗИК

Проф. Ирен Алчевскаiren_alcevska@mail.ru

Студии по математика, физика, математика-физика

 

I декада

декада -дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот

II декада

декада -дополнително ќе биде објавен во iknowсистемот

28.12.2022 г.                                                                              Од деканатот,

 

симни документ


28 декември 2022

Информација за пријавување испити и рокови за пријавување испити во првата испитна сесија (јануарско-февруарска сесија) од учебната 2022/2023 год. со разни упатства

СООПШТЕНИЕ

ЗА ПРВА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ  НА  ПРИРОДНО-МАТЕ­МА­­­ТИЧ­КИ­­ОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

16 јануари 2023 до 14 февруари  2023 (две декади) 

  • 19.01.2023 г. е неработен ден, Богојавление-Водици (православна вероисповед),
  • 27.01.2023  г. е неработен ден, Свети Сава (српската заедница) 

ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факул­тетот.

ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

 

      СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО  ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА.

 СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА УРЕДНО ДА ИМ Е ЗАПИШАН ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО  УЧ. 2022/2023 ГОДИНА.

НАПОМЕНА 1- начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО  I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

05.12.2022  од 15.01.2023 ГОДИНА

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во iknowсистемот. (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

 

 

 

НАПОМЕНА 2 

САМО ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ И РЕДОВНИТЕ СТУДЕНТИ, КОИ СЕ ПРЕФРЛЕНИ ПО НОВА СТУДИСКА ПРОГРАМА, ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕ НА СЕКОЈ ИСПИТ ЗАЕДНО СО ПРИЈАВАТА ЗА ИСПИТ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 200,00 ДЕНАРИ ЗА ИСПИТ, УПЛАТЕНИ НА ЖИРО-СМЕТКАТА НА ПМФ,

СИТЕ УПЛАТИ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП50:

- НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧ      ПМФ – СКОПЈЕ

- БАНКА НА ПРИМАЧ                                          НБРМ

- ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА                    100000000063095

- СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК НА ПМФ   1600110804 788 19

- ПРИХОДНА ШИФРА  ПРОГРАМА  НАЧИН         723013 - 41–2

 

НАПОМЕНА 3

 

ЗАВЕРУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2022/2023 ГОДИНА,  ЌЕ СЕ ОДВИВА ВО ПЕРИОДОТ ОД:

08.02.2023 до 24.02.2023

Соопштението за организацијата  на уписот на летниот семестар во уч.2022/2023 година,  ќе биде дополнително објавено.

НАСТАВАТА ВО ЛЕТНИОТ СEМЕСТАР ВО УЧ.2022/2023 Г. ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

16.02.2023  до 31.05.2023

НАПОМЕНА 4 

Студентите  треба  да почитуваат напомените, затоа што целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите. 

Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот),  ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

 

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на:

 -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (биологија и биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk (математика, математика-физика, физика,географија, етнологија и антропологија)

-elenad@pmf.ukim.mk (хемија, молекуларна биологија со генетика),

-keti@pmf.ukim.mk     раководител на Одделението за студентски прашања

 - stefan@pmf.ukim.mk Доколку имате технички проблеми (заборавена лозинка, промена н аелектронска адреса и сл.) во пораката задолжително да се напише: опис на проблемот, број на индекс на студентот и електронска адреса со која е регистриран во системот.

Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишанитепредмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите заполагање е овозможено само во период означен од студентската служба, во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

 28.12.2022година                                    Од деканатот,

симни документ


28 декември 2022

Соопштение за запишување на зимскиот семестар  во уч. 2022/2023 година за студентите на втор циклус студии

Соопштение за запишување на зимскиот семестар  во уч. 2022/2023 година за студентите на ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

        се  известуваат  студентите на ВТОР циклус студии, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека запишувањето на зимскиот семестар од уч.2022/2023 г. година  ќе се одвива во периодот од

09.01.2023 до 13.01.2023 година

11.30-13.30 часот,

во просторијата на Одделението за студентски прашања

I Студентите запишани во вториот уписен рок во уч.2021/2022 година, треба да ги приложат следниве  документи:

- образец за запишување на зимскиот семестар,

- образец за  заверување на летниот семестар,

- уплатница во износ на школарината  за упис на семестар согласно Конкурсот и соодветната студиска програма, уплатена на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                       ПМФ – Скопје

- банка на примач      НБРМ                       

- трансакциска сметка                                        100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ               1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин             723012 - 41 – 2

- цел на дознака             (упис на  зимски семестарна ВТОР циклус студии, Институт за ______ во уч.2022/2023г.)

II Студентите запишанипо прв пат во уч.2021/22г.  и  уч.2020/21 г. треба да  приложат образец за  запишување на зимскиот семестар-повторно и  уплатница за административен повторен упис, уплатена на на образец ПП50: 

- назив и седиште на примач                               ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                 НБРМ                    

- трансакциска сметка                                        100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                       1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                     723012 - 41 – 2

- износ                                                      2.000,00

- цел на дознака        (надомест за административен повторен упис  на семестар на ВТОР циклус Институт за ______во уч.2022/2023г.)

 

III Студентите запишани по прв пат во уч.2019/2020 и претходно може да ги продолжат студиите со поднесување на барање за продолжување на студиите до Раководителот на Наставно-научниот колегиум на втор циклус на студии, согласно:

1. Одлуката за  утврдување на рок за завршување на студиите на втор циклус  бр.02-4029/2 од 28.11.2022 г. донесена од Наставно-научниот совет на Факултетот и

2. Одлуката заза утврдување на цената на еден ЕКТС кредит, цената на презапишан предмет на втор циклус студии (постдипломски студии)  на Природно-математичкиот факултет – Скопје и утврдување на надоместоците за преминување од една на друга студиска програма, признавање на предметии административно регулирање на незапишани учебни години,бр.02-4382/1  од 27.12.2022 г.донесена од Декантска управа.

28.12.2022 г.                                                     Од деканатот,


27 декември 2022

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ФИЗИКА 1 И ФИЗИКА ВО ПРВАТА (ЈАНУАРСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА 2022/23

ТЕРМИНИ ЗА ИСПИТИ ПО ПРЕДМЕТИТЕ ФИЗИКА 1 И ФИЗИКА ВО ПРВАТА (ЈАНУАРСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА 2022/23

I ДЕКАДА

ТЕОРИЈА - 18 јануари 2023 година (среда), почеток 10:00 часот

ЗАДАЧИ - 27 јануари 2023 година (петок), почеток 10:00 часот

II ДЕКАДА

ТЕОРИЈА - 3 февруари 2023 година (петок), почеток 10:00

ЗАДАЧИ - 10 февруари 2023 година (петок), почеток 10:00

ЗАБЕЛЕШКА - Студентите, покрај пријавувањето во системот iknow, задолжително треба да го најават своето присуство најдоцна 48 часа пред закажаниот термин со испраќање електронска порака до предметниот наставник на следнава адреса petreskairina@gmail.com. На денот на испитот студентите треба да бидат пред кабинетот на предметниот наставник (кабинет бр. 107 на Институтот за физика) 15 минути пред почетокот на испитот.

Од предметниот наставник

проф. д-р Ирина Петреска

симни документ


21 декември 2022

Распоред на испити за јануарско-февруарска сесија, уч. 2022/2023 (Институт за математика)


© 2026. Институт за математика, ПМФ, УКИМ, Скопје.